Огњаноска во Аргумент плус: По бурната дискусија во Европскиот парламент очекувано беше да се одложи расправата

June 4, 2025
1 min read

Експертот по право на ЕУ, Леа Огњаноска во Аргумент плус рече дека тешко е да се постави теза „вин-вин“ меѓу Бугарија и Македонија бидејќи по бурната дискусија очекувано било да се одложи расправата. Според неа, ставот на Бугарија е став изгласан во бугарскиот парламент.

„Би било тешло да се постави теза „вин-вин“ дали е некој победник или не, би рекла дека колку била бурна дискусијата толку биле бурни и ноќите и беше очекувано да се одложи расправата бидејќи се влезе во насока во која немаше одлука. За нас е добро бидејќи се влезе во фокусот и создаде вжештена атмосфера во ЕУ. Ние понекогаш знаеме да коментираме дека ЕУ не ги разбира овие билатерални прашања па така кога ќе се префли некој проблем кај ЕУ може да се зајакне позицијата.  Бугарија настапува од позиција на земја членка и има агресивна позиција“, рече Огњаноска.

Таа зборуваше и за тоа дека политичката состојба во Бугарија се карактеризира со нестабилност.

„Политичката состојбата во  Бугарија се карактеризира со нестабилност на неколку влади но од друга страна овој став е став изгласан во бугарскиот парламент и тоа дава сила на бугарската политика и во таа насока се  презентираат и во ЕУ“, додаде Огњаноска.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Пезешкијан

Следно

Врз основа на медиумски написи, Обвинителство постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Latest from Blog

Акциите на Тесла скокнаа откако Маск потврди дека тестира беспилотно роботско такси

Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е
Go toTop