Огласот за инвертер клими се затвора по 4 дена

February 6, 2024
1 min read

За само четири дена се пополни бројот на пријавени граѓани кои аплицираа за ваучери за набавка на инвертери за греење во 2024 година. Од првиот ден кога беа отворени шалтерите имаше долги редици граѓани пред министерството за економија. Граѓаните велат дека ги комплетирале документите и очекуваат со добивањето ваучери за енергетска ефикасност да заштедат за греење во текот на зимата.

„Мислам дека ќе заштедиме, не знам, досега се греев на греалка и трошев 7-8 илјади денари месечно“.

Од Министерството за економија велат дека побарувачката била многу поголема од понудата и доколку се оди со ова темпо до последниот ден од објавувањето, апликациите од граѓаните ќе се зголемат неколкукратно.

„Во Архивата на Министерството за економија, за само четири дена од објавувањето на јавните повици, пристигнати се над 9000 апликации за доделување ваучери за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер климатизери во домаќинствата за 2024 година. што ја надминува очекуваната бројка од над 7000 лица кои според обезбедените средства можат да добијат купон за клима уред инвертер“, велат од Економија.

За овие два јавни повици се планирани вкупно 255 милиони денари или 4,1 милион евра, од кои за енергетска ефикасност на домаќинствата годинава се издвоени 45 милиони денари од буџетот на Министерството за економија.
Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Родители, НИКОГАШ не треба да ги правите овие 5 работи кога вашето дете е болно

Следно

И покрај аферата: Владејачката коалиција во Хрватска го поддржа новиот државен обвинител

Latest from Blog

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна

Опериран поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денес беше опериран во болница во главниот град Бразилија, соопшти неговото семејство. Болсонаро беше опериран поради хернија, а интервенцијата траеше три и пол часа и помина без

Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа 28-та седница на која донесе повеќе одлуки од негова надлежност. Заменик претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој ја водеше седницата, најнапред му даде збор

Јувентус го убедува Тонали да се врати во Италија

Јувентус ќе направи се оваа зима да го донесе Сандро Тонали. Како што пишува весникот „Газета дело Спорт“ главниот тренер, Лучијано Спалети, е воодушевен од италијанскиот репрезентативец од средниот ред. Раководството на
Go toTop