Официјално: Костов во Ц. Звезда до 2028! (ФОТО)

October 31, 2025
1 min read
ФОТО:Crvenazvezdafk.com

Сега веќе е и официјално. Мега – талентот на Ц. Звезда, Василије Костов кој има македонски корени, го продолжи договорот со Ц. Звезда до 2028 година.

Како што е познато, за него се силно заинтересирани најголемите клубови во Европа, а Ц.Звезда бара 20 милиони евра и не се брза за да го продаде.

Инаку Костов и дефинитивно е изгубен за Македонија, ако се знае дека овој тинејџер има настап за А-селекцијата на Србија.

„Впечатоците се одлични, голема чест ми е што го продолжив договорот со толку голем клуб. Новиот договор е само поттик да продолжам со уште подобри игри во наредниот период. Ми се допаѓа укажаната доверба, чувствувам дека луѓето од клубот и тренерскиот штаб веруваат во мене. Се надевам дека ќе ја оправдам таа доверба со игрите во остатокот од сезоната“ – рече Василије Костов.

Костов помина низ сите помлади тимови од младинска школа на Ц. Звезда, што многу му го олесни адаптирањето кон сениорскиот фудбал.
“Многу работи се променија откако се приклучив на првиот тим. На почетокот беше малку тешко, но сега веќе се навикнав на сениорскиот фудбал и се обидувам да играм најдобро што можам“.
Младиот фудбалер зборуваше и за своите цели за во иднина.
“Не размислувам многу за иднината, имам желба да ја освојам двојната круна оваа сезона и да одам што подалеку во Лигата на Европа – заклучи Василије Костов за клупскиот сајт.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Научниците тврдат: Утринскиот с*кс е тајната за покачување на платата и унапредување на работа

Следно

Почина Фатос Нано, поранешниот премиер на Албанија

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop