Одржливо и еколошки одговорно рударство – македонската делегација во посета на „Ада Тепе“ во Бугарија

September 18, 2025
1 min read

Македонска стручна делегација предводена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини престојува во работна посета на рудникот за злато „Ада Тепе“ во општина Крумовград, Бугарија, сопственост на канадската компанија „Dundee Precious Metals“.

Посетата има за цел размена на искуства и добри практики во управувањето со природни ресурси и примената на европски еколошки стандарди, со цел нивна примена во Северна Македонија. „Ада Тепе“ се смета за еден од најодржливите рудници во регионот, кој користи најсофистицирани технологии за управување со вода и отпад, минимизирајќи го влијанието врз животната средина, дури и во заштитени подрачја од мрежата NATURA 2000.

 

 

„Нашата цел е да учиме од докажани примери како компаниите со одговорно работење можат да донесат придобивки и за локалната заедница и за економијата. Македонија е решена идните стратегии во рударството да ги темели врз европски правила и стандарди“, изјави Филип Петровски, државен советник за рударство во Министерството.

Рудникот почна со работа во 2019 година и се наоѓа само 3 километри од Крумовград. Со активно вклучување на локалното население, јавни расправи и програми за поддршка на бизниси, компанијата успеала да обезбеди доверба и соработка со заедницата.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе се сретне со градоначалничката на Крумовград, Себихан Мехмед, како и со претставници на локални бизниси кои се развиле со поддршка на рудникот.

Паралелно, Македонија подготвува нови закони за рударство и геологија, со кои ќе се засилат еколошките стандарди, казнената политика, транспарентноста и поддршката за локалните заедници, како и ќе се обезбеди поголема економска корист од минералните суровини.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Енергетската сиромаштија добива јасни критериуми за препознавање и заштита

Следно

Тони Коњановски продолжува со средби со граѓаните во Битола

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop