„Одолговлекувањето на Израел во преговорите за прекин на огнот во Газа го тестира трпението на Вашингтон“

April 12, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Американските медиуми објавија дека посредниците од САД, Египет и Катар биле вознемирени од одолговлекувањето од страна на Израел во преговорите за враќање на договорот за прекин на огнот и размената на затвореници во Газа, истакнувајќи дека недостатокот на јасни цели на Израел го тестира трпението на администрацијата на Вашингтон, известува Анадолу.

Според американскиот канал Си-Ен-Ен, процесот забавил откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за водач на преговорите го овластил министерот за стратешки прашања Рон Дермер, човек близок до него.

Американски извор кој даде проценка за моменталната ситуација изјави дека недостатокот на јасна цел на Израел го тестира трпението на администрацијата на Вашингтон.

Овој извор, кој ги застапува семејствата на израелските затвореници во Газа, изјави дека политичките ставови на израелскиот тим предводен од Дермер немале позитивно влијание врз преговорите и дека роднините на затворениците го обвинуваат Дермер за непостигнување на договор.

Во веста се истакнува дека иако постои чувство на итност кај посредниците на САД, Египет и Катар за постигнување договор, Дермер по неговото назначување имал помалку средби со египетските и катарските посредници кои директно преговарале со Хамас, и дека тоа предизвикало вознемиреност.

Тајмс оф Израел, објавив вест во која наведе дека Катар е вознемирен од темпото на напредок на разговорите откако Дермер добил овластување да преговара.

Од кабинетот на израелскиот премиер тврдат дека се невистинити информациите дека преговорите се успорени по назначувањето на Дермер.

Во соопштението што го објави израелскиот кабинет се тврди дека Дермер работи дење и ноќе за да се постигне договор и дека предметната вест е штетна за семејствата на заробениците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Секој ден борба, секоја вечер молитва – Анифе и двете деца од Куманово молат за покрив над глава

Следно

Омилениот тенисер на Стефан Ѓоковиќ не е татко му – Го привлече вниманието подржувајќи го од трибините

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop