Одобрено обвинението за фиктивни тендери – Васев и Нухи го оштетиле буџетот за 36 милиони евра

July 20, 2025
1 min read

Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година.

Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра.

Васев е обвинет и во друг предмет за несовесно лекување на пациенти на клиниката за што веќе има судска постапка.

Судењето за овој предмет беше закажано за 11 јули, но се одложи за 5 септември поради отсуство на обвинетата Мери Пешевска.

На обвинителна клупа тогаш седнаа само првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека, за Пешевска нејзиниот бранител до Судот достави медицинска документација од 10 јули и барање за одлагање на денешното рочиште.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сашко Кедев испиша историја: прв Македонец кој ги искачи сите 14 осумилјадници

Следно

Де Брујне за преминот во Наполи: Сакав да играм на највисоко ниво

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop