Одобрен првиот лек за замастен црн дроб

March 15, 2024
1 min read

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) вчера го одобри лекот на „Мадригал фармацутикалс“ (Madrigal Pharmaceuticals) за третман на заболување на замастен црн дроб, познато како „неалкохолен стеатохепатитис“ (НАСХ). Ова е првиот третман што доби одобрение за состојбата, отворајќи можност за компанијата вредна милијарди долари.

НАСХ, од неодамна познат како „стеатохепатитис поврзан со метаболичката дисфункција“ (МАСХ), погодува околу 1,5 милиони луѓе само во САД, според проценките на компанијата. И, досега немало одобрен лек за него. Оралниот лек на „Мадригал“ ќе биде достапен под називот „Рездифра“ (Rezdiffra) почнувајќи од април, објави извршниот директор Бил Сиболд.

– Одобрувањето од ФДА означува пресвртница за пациентите, по низата неуспеси во изминатово десетлетие. Тоа ќе ја отвори вратата за терапија со лек што им е очајно потребен, изјави Лорејн Стил, управителка на Американската фондација за пациенти со заболен црн дроб.

Компанијата „Мадригал“ го цени лекот по годишна големопродажна цена од 47.400 долари. Аналитичарите проценуваат дека годишната продажба ќе надмине пет милијарди долари.

„Лекот на ‘Мадригал’ е одобрен за пациенти кои имаат НАСХ со фиброза или лузни кои напредувале до степен 2 или 3 по сериозност“, објави компанијата.

Акциите на „Мадригал“ пораснаа за 24 отсто до 301,99 долари во продолженото тргување на Волстрит.

Причините за НАСХ не се целосно позбнати. Најчесто ова заболување се поврзува со дебелина, хипотироидизам, дијабетес, високи нивоа на маснотии во крвта и слични здравствени проблеми. Предизвикува прекумерна акумулација на маснотии во црниот дроб, како и воспаление и лузни на тој орган. Фармацевтските компании „Акеро терапеутикс“, „89-био“, „Вајкинг терапеутикс“ и „Сагимет бајосајенсес“ спроведуваат слични испитувања на нивни лекови за болеста во средна и доцна фаза

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поранешна стриптизета сака да го уништи Принцот Хари: Има негови голи фотографии, но тоа не е сè

Следно

Русите гласаат на избори чиј исход е однапред познат

Latest from Blog

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот
Go toTop