Одложена пресудата за Трамп поради исплата на порно ѕвезда одложена до по изборите

September 7, 2024
1 min read

Изрекувањето на пресудата на Доналд Трамп како дел од судењето за плаќање пари на порно ѕвезда е одложено за по претседателските избори во ноември, јавува Би-Би-Си.

Адвокатите на Трамп искористија неколку правни маневри за да го одложат изрекувањето на пресудата, кое беше закажано за 18 септември.

Хуан Мерчан, судија на Врховниот суд во Њујорк денеска го одложи изрекувањето на пресудата и го закажа за 26 ноември.

Како една од причините за одложувањето, тој ја наведе „уникатната временска рамка во која моментално стои ова прашање“. Тој напиша дека случајот бара „пресуда што целосно се фокусира на одлуката на поротата“.

– Нивната пресуда мора да се почитува и да ѝ се пристапи на начин што не се разводнува поради сериозноста на претстојните претседателски избори, додаде судијата Мерчан, согласувајќи се да го одложи изрекувањето до точно три недели по изборите на 5 ноември.

Адвокатите на Трамп побараа одложување и подоцна неуспешно се обидоа по втор пат да го префрлат случајот на федерален суд.

Во мај, поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен по 34 точки од обвинение за фалсификување документи. Ова е првпат сегашен или поранешен претседател на САД да биде осуден за кривично дело.

На Трамп потенцијално му се заканува затворска казна до четири години, но судијата Мерчан исто така има опција да му досуди парична казна, условна или пократка затворска казна.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Де Бруин: ФИФА и УЕФА не се грижат за играчите, само за парите

Следно

Тејлор Фриц е вториот финалист на УС Опен

Latest from Blog

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Од 19:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш е нормализиран, информира АМСМ. Претходно АМСМ соопшти дека поради случена сообраќајна несреќа од 14:46 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш
Go toTop