Одбојкарскиот судија Никола Мицевски ја заврши својата 31 годишна одбојкарска кариера

April 1, 2024
1 min read

Одбојкарскиот судија Никола Мицевски ја заврши својата 31 годишна одбојкарска кариера.

По тој повод тој објави видео со сублимирање на последниот негов судиски натпревар во кариерата.

По тој повод тој објави и пост на Фејсбук:

„➡️Сублимат од еден историски прекрасен ден за мене лично 24.03.2024 год.

• Завршување на мојата 31 годишна меѓународна судиска кариера.

• Историското освојување на “Купот на ОФМ 2024” на одбојкарите на ОК “Штип УГД” .

✅️ Голема благодарност за огромната почит и внимание од Одбојкарска Федерација на Македонија, Судиска организација на ОФМ , Општина Штип и сите присутни гледачи на финалниот натпревар од “Купот на ОФМ 2024” за големата чест која ми ја направија.

Ви благодарам 👏👏👏“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Инаку претходно од Одбојкарската федерација на Македонија му се заблагодарија на Мицевски за се’ што направил за македонската одбојка, истакнувајќи дека со над 150 меѓународни натпревари ќе остане запаметен како еден од најдобрите претставници на македонската одбојка на светско ниво.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре и задутре поради штрајкот на грчките цариници нема да може да се влезе во Грција

Следно

Почина музичка ѕвезда на поранешна Југославија

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop