Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението

July 3, 2025
1 min read

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд.

-Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста за постапката по предметот на Основен суд Куманово К-115/24 против обвинетиот М.Д. од Куманово за кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување од чле. 353 ст. 4 в.в. со ст. 1 од КЗ, известува дека на ден 1 јули годинава, донесена е пресуда со која обвинението се одбива согласно на член 402 ст. 1 т. 3 од Законот за кривична постапка, затоа што јавниот обвинител со поднесок од ден 30 јуни годинава се откажа од обвинението, соопшти Основен суд Куманово.

Градоначалникот Максим Димитриевски беше обвинет лани во април за „злоупотреба на службената положба“, затоа што Советот донесе суспензија на детален урбанистички план. Во рочиштата кои беа одржани изминатив период, сопственици на градежни компании  се жалеа дека имаат штета донесена од суспензијата. Градоначалникот кажа дека ги штити интересите на кумановци, бидејќи изградбата на комплексот згради во централното градско подрачје помеѓу гимназијата и школската амбуланта ќе го наруши хуманото живеење. Завршни зборови беа закажани за утре. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голема трагедија: Почина ѕвездата на Ливерпул – Диого Жота, само неколку дена по свадбата!

Следно

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со тешкотии при усвојувањето на законот на Трамп

Latest from Blog

Костовски отвора ново поглавје во Бутел: Модерна градинка за 70 деца во Визбегово

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска потпиша договор за обезбедување финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населбата Визбегово, во општината Бутел. Според Костовски, новиот објект ќе се гради

Тоневски: Детската градинка во Пробиштип добива зголемени капацитети

Градоначалникот Тони Тоневски денеска потпиша Договор за грант во Министерството за социјална политика, демографија и млади за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата, во висина од 12.500.000

Проданоски: За сите проекти граѓаните ќе добиваат навремени и точни информации

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска одржа брифинг средба со претставници на медиумите, на која заедно со директорите на јавните претпријатија и општинските установи се разговараше за актуелните теми поврзани со работењето
Go toTop