Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

May 25, 2025
1 min read

Со организирање на денешната хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус, оваа година ќе го одбележат „Денот на Европа“.

-На 25 мај, истовремено во седум града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани. „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“ е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност, наведуваат од Делегацијата на ЕУ. 

Пријавувањето, како што се наведува, е отворено и може да се врши преку платформата https://sitezakocani.mk, каде што секој заинтересиран може да избере град и да стане дел од најважната трка оваа година. Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст, кој ќе ги насочи кон заедницата во Кочани, осигурувајќи дека секоја донација ќе оди таму каде што е најпотребна.

-На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди – ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница. Сите за Кочани – да трчаме заедно! Придружете ни се, се наведува за настанот чија цел е да собере средства за погодените од неодамнешната трагедија во Кочани. Дополнително, на денот на трката ќе биде поставена и кутија за донации од страна на Црвениот крст, каде што сите присутни ќе имаат можност да донираат дополнително, стои во највата за хуманитарната трка.

Во Скопје, трките ќе се одржат на Средно Водно. Трката од 5 километри започнува во 10:00 часот, додека трката на 10 километри ќе започне во 11:00 часот. Пристапот со возила кон Средно Водно ќе биде регулиран, а паркингот нема да биде достапен за возила. За таа цел, ќе биде обезбеден организиран бесплатен автобуски превоз од паркингот кај Цветен пазар до Средно Водно. Превозот ќе се одвива од 08:30 до 10:10 часот, а повратниот превоз ќе биде достапен од 12:00 до 14:15 часот.

Граѓаните кои ќе учествуваат во трката се охрабруваат да го користат организираниот автобуски превоз. Дел од автобусите кои ќе се користат се еколошки и се обезбедени со поддршка од Европската Унија, во рамки на напорите за одржлива мобилност и заштита на животната средина. За оние кои сакаат дополнителен спортски предизвик, пешачката рута од подножјето до Средно Водно останува отворена.

На денот на трката (25 мај) нема да се издаваат стартни броеви. Подигнувањето на стартните броеви за учесниците од Скопје се одвуваше вчера и завчера во просториите на Europe House Скопје. 

Трката е наменета за граѓани од сите возрасни групи, без разлика на физичката подготвеност. Пријавувањето е веќе затворено, а сите дополнителни информации за локациите и времето на трките можат да се најдат на социјалните медиуми на секој Јуроп Хаус поединечно.

Средствата собрани преку котизациите ќе бидат уплатени на Црвениот крст на Република Северна Македонија и ќе бидат насочени кон поддршка на заедницата во Кочани.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Билетите експресно продадени, Алкалоид го пречекува АЕК

Следно

Најмалку 13 луѓе загинаа во руските напади врз Украина

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop