Одбележани три децении од геноцидот во Сребреница

July 11, 2025
2 mins read

30 години од масакрот во Сребреница. Во јули 1995 година силите на босанските Срби предводени од генералот Ратко Младиќ, убија неколку илјади Бошњаци во најстрашно злосторство во Европа по крајот на втората светска војна.

Според податоците на Меморијалниот центар, во и околу Сребреница убиени се најмалку 8.372 лица, претежно  мажи и млади момчиња, но не беа поштедени ниту жени, девојчиња и постари лица.

Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари, каде се наоѓаат посмртните останки на околу 7 илјади досега идентификувани жртви, денеска ќе бидат погребани уште седум жртви, пронајдени на различни локации, меѓу кои и две 19-годишни момчиња.

Фадила Хучиќ – жител на Сребреница

„Сега кога ќе отидам кај него и кога ќе се помолам, после тоа чуствувам како да е жив и да сум седела со него. Такво чувство имам. Но болката моја никогаш нема да се смири додека не ме покрие земјата. “ 

На настанот присуствуваат лидери од повеќе земји, а според медиумите од Сараево, комеморацијата би можела да привлече околу 150.000 луѓе. Владата на федерацијата на Босна и Херцеговина, денешниот ден го прогласи за ден на жалост.

Дражен Чуќиќ – жител на Осиек

„За жал секоја година носиме иста порака а тоа е мир, толеранција и соживот. Зошто велам за жал, бидејќи сите знаеме што се случи овде пред 30 години и ќе продолжиме да ја пренесуваме таа порака од година во година. Ние го трчаме овој ултрамаратон за сите невини жртви на овие простори. Без разлика на националноста, пораката е иста.“

На комеморацијата присуствуваат бројни европски државници. Од Советот на Европа велат дека геноцидот во Сребреница е една од најмрачните страници во Европската историја. Почит на жртвите им оддаде и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, според која геноцидот во Сребреница оставил длабока рана на континентот..

Марта Кос – Еврокомесар за проширување

„Наша должност е да се сеќаваме, да го кренеме гласот и никогаш да не го свртуваме погледот кога заговорниците на омраза ги доведуваат во прашање човековите права и го поткопуваат достоинството на другите. Мора да кажеме не на поделбите, не на омразата, не на глорификацијата на воените злосторници. “ 

Споменик со бројот „8372“, кој го претставува бројот на жртвите во Сребреница но и порака „Луѓето се сеќаваат на луѓето“ поставен во близина на Бранковиот мост во Белград…Во четвртокот, во престолнината на Србија се оддржа и комеморација во чест на жртвите а учесниците ги повикаа српските власти да престанат да го негираат геноцидот .. Сочуство до семејствата на жртвите изрази и Александар Вучиќ.

Александар Вучиќ – претседател на Србија

„Денес се одбележува 30-годишнината од ужасниот злостор во Сребреница. Не можеме да го промениме минатото, но мора да ја промениме иднината.“

Геноцидот е потврден со пресуди на Меѓународниот суд на правдата, Хашкиот трибунал и Судот на Босна и Херцеговина. Досега, 54 лица се осудени за геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства во Сребреница, со вкупно 781 година затвор. Петмина, вклучувајќи ги Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, се осудени на доживотен затвор.

Меѓународниот суд на правдата во 2007 година пресуди дека Војската на Република Српска извршила геноцид во Сребреница, додека Србија беше прогласена за одговорна, бидејќи не го спречила геноцидот. Генералното собрание на Обединетите нации минатата година го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, осудувајќи го негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бурни политички реакции по извештајот на Вајц

Следно

Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат

Latest from Blog

Акциите на Тесла скокнаа откако Маск потврди дека тестира беспилотно роботско такси

Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора
Go toTop