Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа – 9 мај

May 9, 2024
1 min read

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, како и на Партизанските гробишта во Бутел, денеска беше одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа – 9 мај.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, заедно со владината делегација предводена од претседателот на Владата,  Талат Џафери, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, денеска пред платото на Владата го одбележаа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа со положување на свежо свеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“.

Денот на победата над фашизмот се одбележува откако Германија во 1945 година го ратификува актот за безусловна капитулација и беше прогласена победа на антихитлеровската коалиција, додека пак, Денот на Европа се слави откако тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за нова војна меѓу европските народи, што подоцна стана позната како „Шуманова декларација“.

Европа денеска ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Фифти Сент ја тужи поранешната девојка за клевета

Следно

Фајон по седницата на Владата на Словенија: „Признавање на Палестина врз основа на границите од 1967 година“

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop