Одбележан Денот на Армијата: Иако сме мала држава, покажавме дека сме достојни како нација и како армија да чекориме рамо до рамо до најсилниот политички сојуз

August 18, 2023
3 mins read

Mакедонските граѓани денес се посигурни поради безбедносниот штит на НАТО Алијансата, а најистурен дел од тој штит се припадниците на Армијата, рече претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски

Иако сме мала држава ние сме луѓе со големи срца, и тоа го покажавме и во Турција и во Словенија, помагајќи им на нашите пријателски народи да се справат со последиците од природните катастрофи. Застанавме и во поддршка на украинскиот народ. И помогнавме на Украина не затоа што мораме, туку затоа што тоа е единствениот начин да бидеме на вистинската страна на историјата, рече министерката Петровска

ФОТО: Влада на РСМ

Највисоко признание за припадниците на Армијата не се ордените и медалите, туку довeрбата која во нив ја имаат македонските граѓани. Македонската армија даде огромен придонес и помош за време на природните катастрофи, од кои беа погодени нашите партнерски земји – земјотресите во Турција, поплавите во Словенија, а застана и во поддршка на украинскиот народ. Армијата е чувар на сè она што го држи македонското општество заедно. Ова беше порачано денеска на одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата.

На свеченоста, на која присуствуваше целиот државен и армиски врв, а која се одржа на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски порача дека македонските граѓани денес се посигурни поради безбедносниот штит на НАТО Алијансата, а најистурен дел од тој штит се припадниците на Армијата.

„Од самиот почеток како држава придонесуваме кон заедничките напори за поддршка на Украина во нејзината борба против руската инвазија. Ние сме меѓу петте држави членки на Алијансата според односот меѓу бруто домашниот производ и воената и материјално техничка помош што ја даваме на Укриана во овој критичен период. Мора да продолжиме да вложуваме во нашата одбрана и безбедност“,

рече претседателот Пендаровски.

Целта е, како што рече тој, да имаме Армија која ќе биде не само структурно подобрена, туку и модернизирана со современи борбени средства и опрема за одбрана на татковината.

На свеченоста обраќање имаше и премиерот Димитар Ковачевски кој потенцираше дека вложувањето во одбраната е вложување во безбедноста на граѓаните и во националната безбедност.

Годинава, како што рече Ковачевски, буџетот за одбраната е 1,85 отсто од БДП и е поголем од буџетот за минатата година за 24 отсто.

„Силната поврзаност и меѓусебната доверба и почит кон Армијата од граѓаните нè охрабрува, но и ни дава задача во иднина како Влада да направиме сè, Армијата да го има сето она што и е потребно за да продолжи силно да се развива. Интеграција во европските структури е на врвот на приоритетите. Пред нас е остварување на уште една стратешка цел, членството во ЕУ“,

рече премиерот.

ФОТО: Влада на РСМ

Министерката за одбрана Славјанка Петровска посочи дека овој ден се одбележува во спомен и слава на првиот партизански баталјон „Мирче Ацев“, кој точно пред 80 години на овој ден се конституираше на падините на Славеј планина. Ова, како што рече Петровска, беше првиот симбол и најава на македонската државност која потоа беше потврдена со Првото заседание на АСНОМ.

„Членството во НАТО е веројатно најголемото признание што можеме да им го дадеме на околу 200 припадници борци, кои го основаа баталјонот ’Мирче Ацев’, но и на сите херои кои ги положија своите животи на браникот на слободата за време на Втората светска војна во битката со фашизмот, заедно со многу партизани од цела Европа и сојузнички војски. Покажавме дека сме достојни како нација, како држава и како армија да чекориме рамо до рамо до најсилниот политички сојуз на денешницата. Покажавме дека нивните вредности ги живееме како свои и дека сме достојни наследници на нивната жртва и идеалите за кои се бореа како што се слободата и солидарноста“,

рече Петровска.

Таа додаде дека во време на глобална криза застанавме рамо до рамо со сите нации кои имаа потреба. Им помогнавме на Турција, на Словенија, но и на Украина.

„Иако сме мала држава ние сме луѓе со големи срца, и тоа го покажавме и во Турција и во Словенија, помагајќи им на нашите пријателски народи да се справат со последиците од природните катастрофи. Застанавме и во поддршка на украинскиот народ. И помогнавме на Украина не затоа што мораме, туку затоа што тоа е единствениот начин да бидеме на вистинската страна на историјата“,

рече Петровска.

За време на денешната свеченост, претседателот Стево Пендаровски одликуваше 13 припадници на Армијата со медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територија на државата, а со медал за храброст беа одликувани 60 армиски припадници кои учествуваа во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција.

Исто така, претседателот ги соопшти Указите за унапедување во генералски чин, а од страна на министерката Петровска беа доделени чинови на унапредени старешини во чин полковник.

ФОТО: Влада на РСМ

На градските гробишта „Бутел“ во Скопје со воени почести беше положено цвеќе на партизанските гробишта на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Армиска делегација ќе положи венец со цвеќе на спомен одбележјето на Славеј Планина.

ФОТО: Влада на РСМ
ФОТО: Влада на РСМ
ФОТО: Влада на РСМ

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ирска банка несакајќи делеше пари на банкомати

Следно

Мнозинството Германци се против испорака на крстосувачки ракети во Украина

Latest from Blog

Курир неофицијално дознава: Неколку лица се приведени по вчерашните инциденти со знамето (ВО ЖИВО)

Неколку лица се приведени по вчерашните инциденти со знамето. Курир од извори во МВР, неофицијално дознава дека за инцидентите со македонското знаме приведени се неколку лица. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Возобновени 19 мостови во Градски парк и реновиран Халк корнерот во Лептокарија

Халкбанк АД Скопје, во рамки на својата платформа за одржлив развој и заштита на животната средина HalkEco, изминатиот период ги заврши активностите за повторно обновување на 19 пешачки мостови во Градскиот парк,

ДУИ: Го осудуваме чинот на палење на државното знаме, но и полициската интервенција за време на прославата на Денот на албанското знаме

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Северна Македонија и

Осуда од сите страни за сквернавењето на македонското знаме- надлежните органи постапуваат по настанот, МВР со прес

Кинење и сквернавење на македонското знаме беше забележано синоќа за време на прославувањето на Денот на албанското знаме во Скопје. Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други

СПМ најостро го осудува хулиганското дивеење и уништувањето на државното знаме

Социјалистичката партија на Македонија најостро го осудува хулиганското дивеење и уништувањето на државното знаме. -Директно ги посочуваме виновниците кои на вандалски начин го сквернавеа македонското знаме. Тоа претставува чин на непочитување на
Go toTop