Од утре поевтини горива, објавен новиот ценовник

March 11, 2024
1 min read

Цената на дизелот и на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 82,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 84,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,267 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,019 денари.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Личните карти повеќе нема да се доставуваат на врата

Следно

Израелски професор доби отказ поради објави за Палестинците: Во Газа се случува хуманитарна и морална катастрофа

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop