Од утре на полноќ нема да може да се излезе од земјата без валиден пасош со новото уставно име

February 11, 2024
2 mins read

Истекуваат последните часови од преодниот период од пет години, кој произлегува од одредбата од преспанскиот договор… Од утре на полноќ, документите и патните исправи за меѓународна употреба, кои го содржат старото име на државата ќе престанат да важат.

МВР потенцира дека согласно веќе донесените законски измени, а во врска со Преспанскиот договор, престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија.

Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Исто така, потенцираме дека било кој граѓанин на Република Северна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа, велат од Министерство за внатрешни работи. 

Министерот за надворешни работи Османи, во петокот нагласи дека граѓаните што се во странство од вторник ќе можат да се обратат до дипломатски претставништва. 

 

Патни исправи со ознаката „Република Македонија“, ќе може да се употребуваат до 12.02.2024год. на полноќ. По овој датум, враќање во земјата со Патен лист издаден во најблиското ДКП.

Но проблемот е веќе мултиплициран. Од МВР објаснуваат дека личните карти, ќе важат и по 13 февруари, без оглед дали се со името Република Македонија или Република Северна Македонија и дека граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава. 

За излез, пак, од државата во земјите со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од страна на нашите гранични полициски службеници доколку имаат лична карта со името Република Македонија, но не можеме да гарантираме дека ќе бидат примени од другите држави. Истото важи и за сообраќајните дозволи, како и за личните карти. 

Проблем и со возачките дозволи. Тие нема да важат ниту во Македонија ниту надвор и секој што ќе управува возило со старото име на возачката дозвола ќе биде казнет велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета. 

Во однос на налепниците НМК за регистерските таблички, од МвР велат дека граѓаните можат во било која станица за технички преглед да отидат со возилото и сообраќајната дозвола и од страна на контролор од станицата за технички преглед ќе им бидат залепени налепниците на регистерските таблици.

Денеска пак, пунктот Пролет не работеше, но изминатата недела функционираше со закажани термини, а гужвата се префрли на телефонските линии и на шалтерите за подигнување на документите.. Вадењето на новите документи кои го содржат новото уставно име на државата, директно удри по домашниот буџет на граѓаните, а во однос на враќањето на парите на граѓаните, Владата допрва треба да одлучи…

 

Амбасадорот на Белгија, Фредерик Мерис за Северна Македонија најави дека работна група во ЕУ идната недела ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Договорот од Преспа, според која од 13 февруари сите пасоши мора да го содржат името Република Северна Македонија. Во интервју за „Независен“, Мерсис објаснува дека ќе биде лошо ако Европската унија нема заедничка позиција околу имплементацијата и ако земјите членки поединечно одлучуваат како да ги третираат македонските граѓани со невалидни пасоши.

Грчкото МНР, веќе писмено ги известило колегите министри и останатите меѓународни организации за обврската за патните исправи на македоите државјани, дека од 12 февруари мора да содржат „Северна“… Министерството за надворешни работи на Грција, со официјален допис до надлежните министерства го активирале Договорот од Преспа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп jа охрабрува Русија да нападне која било земја на НАТО што не плаќа

Следно

Карлеуша објави фотографија од хотелскиот тоалет: Мрежестите хулахопки ќе ви го поматат умот, а оваа поза и ги истакна силиконите на мегдан (ФОТО)

Latest from Blog

ЛАЈЧАК ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРЕПИСКАТА СО ЕПШТАЈН: Шок во Словачка!

Поранешниот словачки министер за надворешни работи Мирослав Лајчак објави дека се повлекува од функцијата советник на словачкиот премиер Роберт Фицо, откако неговата преписка со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн стана јавна, објавија

Почина Божидар Симоновски, остави длабока и трајна трага на музичката сцена

Почина Божидар Симоновски, еден од најзначајните културни работници и музички ентузијасти што Штип и Македонија ги имале во изминатите децении. Дом на млади-Штип, институцијата во која што работеше Симоновски објави дека тој

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца

Бројот на уапсени деца помлади од 18 години не е прецизиран, ниту пак е познато колку од нив ќе останат во притвор, јави „Њујорк тајмс“. Независните групи за човекови права проценуваат дека

Кочани ќе добие спомен-обележје: „Патека на бесконечноста“ за загинатите во „Пулс“

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“. Предлогот
Go toTop