Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот

October 26, 2024
1 min read

Со новиот зимски ред на летање, што стапува во сила на полноќ, од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе летаат 14 авиокомпании до вкупно 37 редовни дестинации и до седум дестинации со чартер летови, или вкупно 44 дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје. Од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, пак, три авиокомпании ќе летаат до четири дестинации.   

Од аеродромскиот оператор ТАВ Македонија за МИА информираат дека согласно најавите и информациите добиени од авиокомпаниите, од Меѓународниот аеродром Скопје ќе сообраќаат: Aegean Airlines, Air Serbia, Ajet, Austrian Airlines, Chair Airlines AG, Croatia Airlines, Edelweiss, Lot Polish Airlines, Lufthansa, Pegasus Airlines, SunExpress, Turkish Airlines и Wizz Air. Тие ќе летаат до дестинациите: Анталија, Атина, Базел Милуз, Белград, Берлин, Болоња, Братислава, Бремен, Брисел Шарлероа, Будимпешта, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт, Фридрихшафен, Гетеборг, Хамбург, Истанбул, Измир, Карлсруе, Ларнака, Љубљана, Лондон Лутон, Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Фиумичино, Салцбург, Сараево, Венеција Тревизо, Виена, Загреб, Цирих, Варшава.  Четиринаесеттата авиокомпанија е Freebird, која што ќе сообраќа на чартер летови до/од скопскиот аеродром до/од Хамбург/Хановер, Минхен/Штутгарт, Берлин/Лајпциг, Манчестер/Лондон, Париз, Лион/Марсеј, Диселдорф/Франкфурт. Дополнително, на овие пет дестинации летаат повеќе од една авиокомпанија:  Анталија (Pegasus и Sunexpress), Франкфурт (Lufthansa до аеродромот Франкфурт и Wizz Air до аеродромот Хан), Истанбул (Turkish Airlines до аеродромот iGA; Pegasus и AJet до аеродромот Сабиха Гокчен), Измир (Pegasus и Sunexpress) и Цирих (Edelweiss и Chair Airlines).

Од Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, Wizz Air, Chair Airlines и Edelweiss ќе летаат до Виена, Меминген, Дортмунд и Цирих, соодветно. 

Зимскиот ред на летање за Охридскиот аеродром е идентичен со ланскиот зимски распоред на летови, 2023/2024 година. За скопскиот аеродром минатата година зимската сезона имаше 13 авиокомпании кои летаа до 42 дестинации, сега има 14 авиокомпании кои оперираат до 44 дестинации вклучувајќи ги и чартер летовите.

Со последниот повик за субвенционирање на авиолинии следната година од македонските аеродроми ќе може да се патува до Дубаи и Барселона, дестинации кои се обновуваат, како и до Лион, Штудгарт, Базел и Истанбул.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Расел излета од патеката на вториот тренинг за Големата награда на Мексико

Следно

Повеќе од 500.000 луѓе избегале поради војната од Либан во Сирија

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на

Попладнево нова блокада на патот Битола-Ресен

Патниот сообраќај на магистралниот пат А3 Битола – Ресен над населбата Баир во Битола од 14:30 часот е во прекин бидејќи во тек е јавен собир, информира попладнево Авто-мото сојуз на Македонија.

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје. „Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови

Проданоски со планови за целосна реконструкција на пазарот во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска, на пазарен ден, заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, изврши обиколка на градскиот пазар и оствари директни разговори со сограѓаните и пазарџиите. Градскиот пазар во
Go toTop