Од СДС не очекуваме ништо помалку од тоа да го брани криминалот и своите истакнати корумпирани политичари

December 10, 2025
1 min read

Од СДС не очекуваме ништо помалку од тоа да го брани криминалот и своите истакнати корумпирани политичари. Впрочем, дали некој во земјава очекува нешто друго од партија која е заложник на Заев и Филипче?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ

Борбата против корупција допрва почнува. Секој што се огрешил ќе одговара. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува МВР и обвинителството да работат по закон и да гонат криминал и корупција без разлика на партиска, етничка и верска припадност.

Мафијата во Македонија мора да се уништи. Мафијата не познава разлики по ниеден основ. Таа го труе системот. И ВМРО-ДПМНЕ ќе е предводник и ќе ја поддржува секогаш таа битка. А Заев и Филипче нека облечат пелени, и тоа ако може, миризливи, затоа што до овде се чувствува стравот што го имаат. Нема милост за криминалците.

Толку од одговорот.

Истовремено им предлагаме откако ќе издишат со лажната тема мигранти да продолжат со исто толку вистинита и релевантна тема — врбите на Марс. Да маршираат за заштита на врбите на Марс од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонскиот фудбал влегува во нова дигитална ера со платформата FANZEAL

Следно

Коњановски оствари средба со британскиот амбасадор Лосон во Битола

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop