Од протестот на УПОЗ: Недостоинствено ниски се платите во Министерството за култура

January 15, 2025
1 min read

Платите на 70 отсто од вработените во министерството се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во државните органи кои го добија додатокот на основна плата, е 30 проценти, рече денеска Бранко Костовски, претседател на Синдикална организација при Министерството за култура и туризам на УПОЗ, на протестот пред Министерството за култура. 

Тој додаде дека си овој протест, го изразуваат незадоволството од, како што истакна,  недостоинствено ниските месечни примања на вработените во Министерството. Притоа појасни дека Синдикалната организација при Министерството за култура и туризам пред повеќе од две години изготвила предлог текст на колективен договор, кој предвидувал објективно и коректно покачување на платите на вработените, во висина од 30 проценти, исто како и за вработените во Министерството за финансии, Министерството за одбрана, Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, СОЗР, Управата за јавни приходи, Царинската Управа, Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј”. 

– Ние го поздравуваме покачувањето на платите на нашите колеги од останатите државни органи, но истовремено бараме од министерот за финансии, Владата и премиерот да не дозволат нерамноправен третман на вработените во државните органи. Одговорноста на колегите секаде е огромна, но да потсетиме, Министерството за култура и туризам ја сервисира работата на 72 национални и 49 локални институции од областа на културата, а во рамките на годишните конкурси на Министерството, се обработуваат просечно околу 5.000 апликации, од кои, од барем од половината, следат обврски – потпишување на договори и следење на истите, нагласи Костовски. 

Тој подвлече дека носеле сериозна одговорност и барааат сериозен пристап кон нивните барања.

– Државната администрација не треба и не смее да се потценува со никакви квалификации, туку нејзината работа треба да биде признаена и вреднувана. Се залагаме за одговорна, квалитетна и ефикасна државна администрација,  што ќе биде сервис на граѓаните и носител на идните реформски процеси кои ни претстојат, рече Костовски. 

Протестите, како што изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, ќе продолжат секој ден од 11 до 11:30 часот, а во петок од 11 до 12 часот ќе се одржи протест пред Министерството за финансии.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жената која беше пронајдена во водите на реката Вардар е исчезната Лидија од Јурумлери

Следно

Николовски: И Мицкоски имаше 7 порази, но јакнеше во партијата, на СДСМ не и требаат повеќе порази

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop