Од Националниот парк Шар Планина бараат донации од граѓаните со јаболка и пченка за мечките!

May 29, 2025
1 min read

Национален парк Шар Планина преку Фејсбук бара од граѓаните да помогнат со донирање на јаболки и пченка со цел да се изврши прихрана на мечките поради намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште.

„Во последните две недели, сè почесто се бележат случаи на приближување на мечки кон населени места во регионот на Националниот парк „Шар Планина“. Овој феномен е резултат на намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште.

За да се намали ризикот од несакани средби со луѓе и да се помогне за здравјето и безбедноста на овие важни жители на нашата планина, започнуваме иницијатива за симболична прихрана на мечките, на оддалечени и безбедни локации, далеку од населени места и планинарски патеки.

БАРАМЕ ДОБРОВОЛНИ ДОНАЦИИ НА ЈАБОЛКА И ПЧЕНКА ОД ДОМАШНО ПОТЕКЛО, со цел хранењето да биде што е можно послично на природната исхрана на мечката (Ursus arctos), која претежно е растително базирана.

Дистрибуцијата на храната ќе ја извршува Управата на Националниот парк, во соработка со волонтерска служба, во согласност со Програмата за заштита, одгледување и управување со дивечот (2023–2033), каде што се препорачува симболична прихрана како метод за следење и заштита на дивечот.

Преку оваа акција:

  • Ќе се спречи несакано приближување на мечки до населени места.
  • Ќе се помогне во зачувување на нивната природна навика за исхрана.
  • Ќе се овозможи мониторинг на нивната бројност, здравје и старосна структура.

ВАЖНО: Прифатливи се само јаболки и пченка од домашно производство, без хемиски третмани.

Доколку сакате да донирате или да помогнете со логистика, ве молиме оставете ги донациите во просториите на Јавната Установа Национален парк Шар Планина, почетна станица за гондола во Тетово, секој работен ден од 8-16:00 часот или контактирајте не на телефонскиот број 072 239 122.

Заедно можеме да создадеме подобра рамнотежа меѓу човекот и дивината“, велат од таму.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Изложба со дела на Личеноски, Белогаски, Мартиноски, Мазев, Наумовски, Пандилов, Манев, Шијак, Аврамовски…

Следно

Владата на Газа: Израел лаже за да го прикрие злосторството на користење на гладот ​​како оружје против Палестинците

Latest from Blog

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес,
Go toTop