Од истрели за време на прославата на титулата на Канзас Сити Чифс во САД загина едно лице, 22 ранети

February 15, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Најмалку едно лице е убиено, а 22 се повредени од истрели во Канзас Сити во американската сојузна држава Мисури по победничката парада по повод освојувањето на Супербол титулата од страна на Канзас Сити Чифс, соопшти полицијата вчера, пренесува Анадолу.

„Ова сѐ уште е активна истрага“, рече Стејси Грејвс, шефицата на полицијата на Канзас Сити.

Таа соопшти дека полицијата го пронашла оружјето, но не даде информации за колку парчиња станува збор.

„Имаме три лица што се приведени и се под истрага поради инцидентот“, рече Грејвс.

Шефот на противпожарната служба на Канзас Сити, Рос Грундисон, изјави дека осум лица се здобиле со повреди опасни по живот. Пукотницата се случила во близина на станицата Јунион.

Загинатото лице е идентификувано како Лиса Лопез-Галван, која работела во радиостаницата KKFI 90.1.

Градоначалникот Квинтон Лукас рече дека сите играчи, тренери и персоналот на Канзас Сити Чифс се безбедни.

Американската НФЛ (Национална фудбалска лига) објави соопштение во врска со пукотницата.

„Длабоко сме натажени поради бесмислената пукотница што се случи пред крај на собирот во Канзас Сити. Нашите мисли се со жртвите и сите засегнати“, објави НФЛ на социјалната мрежа Х.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четири лица загинаа во пожар во Бар

Следно

Масовни руски напади врз неколку украински градови

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop