ОД ДЕНОТ КОГА ОВА ГО НАПРАВИЛ ВРЗ СЛИКАТА НА АРКАН МУ СЕ ГУБИ ТРАГАТА – тој му беше сè на Џеј Рамадановски, се верува дека го забетонирале во темел од зграда

January 29, 2024
1 min read

Животот на славниот Џеј Рамадановски е преточен во филмот „Недела“, каде се прикажани деталите за неговото тешко детство и младост и турбулентниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Во филмот се споменува и неговиот братучед со кој бил многу приврзан, познатиот Дон од Дорчол, Исо Леро Џамба, за чие убиство и денес кружат приказни.

Се започнало во 1990-тите години кога на територија на Џамбо започнал да упаѓа Аркан. Приказната која до ден денес кружи низ градот е дека Аркан и Џамбо се степале во една прилика, а Аркан го извлекол подебелиот крај и Џамбо му направил белег на лицето.

Вториот инцидент кој се случил променило се:

Во белградското подземје кружат приказни дека во март ’92-та Џамбо во кафеаната „Зона Занфирова“ пукал во сликата на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Пред да пука во неговата слика, на масата на која седел Џамбо дошла келнерка и го замолила да го симне пиштолот кој го држел во рака, што него го изнервирало, па испукал неколку куршуми, па еден од нив завршил во рамото на сликата на Аркан. На него тогаш скокнале неколку лица кои го извадиле надвор и го претепале. По овој инцидент наводно Аркан се слушнал со Џамбо и се договориле да не си упаѓаат на територија еден на друг. Изгледа се се стишило до 23 септември кога Исо Лера Џамбо рано во зорите се појавил пред коцкарницата која се наоѓала на шестиот кат на палатата Белград која според тогашните зборувања била во сопственост на Аркан. На самиот влез под нејасни околности настанала караница по која Џамбо ја плукнал сликата на Аркан на ѕидот, по што момците од обезбедувањето го претепале и го ставиле во бел пик-ап од кога му се губи секаква трага.

Неговите пријатели верувале дека тој бил веднаш убиен и телото однесено без трага, а неколку месеци по убиството неговата сопруга Снежана открила дека градската полиција за тој случај сменила три екипи со по шест инспектори, но без никакви резултати и траги. Пријателите на Џамба ги молеле пријателите криминалци да дознаат каде е барем неговото тело, но тоа никогап не го дознаа.

Во предизборната кампања во 1993-та година лидерот на радикалците Војислав Шешел тврдел дека има необориви докази дека Аркан го организирал убиството на Исо Леро. Јавно зборуваше дека имал очевидци за убиството на Џамбо, а потоа сето тоа се заборави и никој не зборуваше за тоа по изборите.

Тогашниот шеф на обезбедувањето Вукашин Вуле Гојак признал дека прв го удрил Леро со неколку боксови за да можел да го онесвести, бидејќи претходно тој му извадил пиштол на неговиот колега. Потоа го ставиле во лифт тврдејќи дека потоа ништо не знае што се случило, а набрзо започнаа и приказните дека тој е забетониран во темелите на една бензинска пумпа, т.е зграда.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Животот му висеше на конец, а сега e херојот на цела нација

Следно

„Полиграф“: Кој дезинформираше дека Ајфеловата кула е во пламен?

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop