Од денеска до 8 јуни граѓаните на Србија ќе можат да го предадат нелегалното оружје без да сносат одговорност

May 8, 2023
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во синоќешното гостување во „Дневникот“ на РТС изјави дека граѓаните добиле можност сами да го предадат нелегалното оружје во текот на следниот месец без последици, а по тој рок ќе се соочат со тешки казни. Српското МВР ја покрена акцијата за предавање на нелегалното оружје по двете масовни убиства што се случија белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и во селата кај Младеновац и Смедерево

Граѓаните на Србија во следните месец ќе можат без санкции да го предадат нерегистрираното оружје во најблиската полициска станица. Во тој период граѓаните кои ќе го предадат нерегистрираното оружје нема да одговараат ниту кривично ниту ќе сносат некакви последици и не мора да го докажуваат потеклото на оружјето.

Илустративна фотографија

Министерството за внатрешни работи на Република Србија ги повика граѓаните кои поседуваат нерегистрирано оружје до 8 јуни годинава да го предадат во најблиската полициска станица.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во синоќешното гостување во „Дневникот“ на РТС изјави дека граѓаните добиле можност сами да го предадат нелегалното оружје во текот на следниот месец без последици, а по тој рок ќе се соочат со тешки казни.

„Ги повикуваме граѓаните кои поседуваат нелегално оружје да се јават на овој повик, да се обратат во најблиската полициска станица и да го предадат оружјето за кое немаат документи“,

изјави Јелена Лакиќевиќ, раководител на Одделението за оружје од Управата за управни работи на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Таа прецизира дека поканата се однесува на сите видови оружје, автоматско, како и секое друго оружје – минско-експлозивни средства, делови за оружје и муниција, кои нелегално ги чувале.

„Истовремено, Министерството за внатрешни работи ги повикува оние граѓани што по смртта на сопственикот не го предале оружјето на чување во полициските станици, тоа да го сторат сега“,

рече Лакиќевиќ.

Оружјето, кое недозволено го поседуваат, граѓаните ќе може да го предадат во полициска станица секој ден, од 7 до 19 часот, во наведениот рок, без никакви последици.

Српското Министерство за внатрешни работи ја покрена акцијата за предавање на нелегалното оружје по двете масовни убиства што се случија белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и во селата кај Младеновац и Смедерево. Во два масакри беа убиени 17 лица, а над 20 беа ранети.

Од денеска, исто така, полициски патроли ќе бидат распоредени во близина на секое училиште во Србија, а засилено полициско присуство ќе има на сите јавни места каде што се собираат поголем број луѓе. Ова е исто така една од мерките што ги најавија српските власти по двата крвави масакри. Видливо полициско присуство ќе има во трговските центри, парковите и на плоштадите, најави викендов државниот секретар на српското МВР, Данило Стевандиќ, во гостување на ТВ Пинк.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Над 1,7 милиони луѓе на митингот во Истанбул

Следно

Концерт „Филиз“ на пијанистката Мари – Анж Нгучи во Филхармонија

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop