Од Будимпешта до Вардар: Балетската авантура на Балаж Лочеи

June 28, 2025
2 mins read

Балaж Лочеи, висок Унгарец со широка насмевка, го интервјуиравме во најтоплиот ден во Скопје оваа година помеѓу две проби на сцената на МОБ. Пет години му беа потребни на Скопје да му стане втор дом, а на него — едно летно попладне за да реши дека градот ќе биде неговата следна авантура.

Роден во Будимпешта и дипломиран на Унгарскиот универзитет за танц, Балaж ја добива првата поголема шанса во Србија. Сличноста во јазикот му се чини доволен мост за да ја премине границата, сѐ додека една аудиција во Скопје не отвори понуда што тешко се одбива: солистичко место на нашата национална сцена.

Јазикот ми беше најголемиот предизвик,“ ни раскажува, присетувајќи се на пролетта 2019-та. „Македонскиот не е лесен, но сепак ми беше полесно затоа што пред да дојдам тука работев во Србија; јазиците си личат.“ Оттогаш, буквите „ш“ и „ж“ веќе му се пријатели, а со секој нов збор уште поцврсто врзува корен за градот. Низ смеење додава дека ја има својата девојка Матеа која е исто така балерина и негова колешка а која му помогнала и со учењето на јазикот но и со учењето на „финесите на македонската култура“.

За животот „меѓу шалтери“ зборува со чудна смиреност: „Административните лавиринти ги има, но луѓето овде се многу срдечни – тоа ти го олеснува денот.“ Потоа искрено се насмејува: „Во Унгарија знаеме понекогаш „да си го кренеме носот“, вие сте посрдечни, и тоа многу ми се допадна.

Скопје го сумира во три збора – „убаво“, „жешко“ и „забавно“. „Градот е убав, летото е лудо жешко, а ноќите се исклучително забавни,“ вели со жар што не се лади ниту по долгите проби. Најмногу го изненадило утринското мени: „Во Унгарија не јадеме чорба за појадок,“ објаснува, „но тука ја засакав. А бурек? Речиси секое утро сакам бурек!

Балаш е првенец на нашиот Балет и има одиграно голем број на улоги на сцената на МОБ. Помеѓу професионалните обврски и желбата за истражување на македонската култура го прашавме и за неговата идеална улога, на што одговара без двоумење: „Би сакал да танцувам во „Ромео и Јулија“ и да го поставам ликот на Ромео. Сè уште ја немаме таа претстава, но мечтаам за неа.

Секој разговор за Македонија го затвора со порака до странците кои одлучиле да живеат и работат во Македонија: „Луѓе, дали ќе ми верувате или не, тоа е ваша работа, но дојдете! Ќе ви се допадне секоја секунда. Дојдете, почувствувајте сами. Ќе ви се допадне секоја секунда. Овде жештината, убавината и забавата одат рака под рака – а можеби, како мене, ќе најдете и некој што ќе ви го отвори срцето на нов јазик.“ Луѓето се исклучително фини, а градот го обожавам.

На крај го замоливме со еден збор да го сумира своето искуство. Без пауза вели: „Авантура!“ – и како по команда, чекорот му тргнува во сите правци, како да се спрема за уште еден излез на сцена во град што веќе го вбројува меѓу своите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Најмалку 16 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа во текот на ноќта

Следно

Приведени возачи од Куманово, Кочани и Македонски Брод затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Latest from Blog

Мажите кои преку интернет ја ширеа приказната дека Брижит Макрон е маж, сега се пред суд: „Зар не смеевме да се пошегуваме?“

Десет лица се соочуваат со затворска казна поради наводно ширење на лажни тврдења дека француската прва дама, 72-годишната Брижит Макрон, е маж по име Жан-Мишел Трогно, гласина што широко се прошири на

Родри се враќа на теренот

фото: Manchester City (X) Родри се мачи да се врати на теренот по сериозната повреда на коленото и неодамна мораше да направи уште една пауза. Шпанскиот фудбалер почувствува болка во истото колено

Осум Унгарци, двајца Германци и еден кениски пилот загинаа при пад на авион во Кенија

Кениската авиокомпанија „Момбаса Ер Сафари“ објави дека единаесет лица, меѓу кои осум унгарски државјани, двајца германски патници и еден кениски член на екипажот, загинале во авионска несреќа што се случила порано денес.
Go toTop