Очилата на Макрон од 659 евра се хит- сите сакаат да ги носат, веќе се распродадени

January 22, 2026
1 min read

Зголемената побарувачка за информации за моделот привремено ја собори официјалната веб-страница на францускиот луксузен бренд, додека пристапот до страницата останува отежнат.

Иако очилата, со цена од 659 евра, привлекоа внимание како луксузен моден додаток, причината за нивното носење беше од здравствени причини. Од кабинетот на францускиот претседател изјавија за „Ројтерс“ дека Макрон ги носел очилата за сонце поради пукнат крвен сад во окото. Претседателот навистина беше виден со црвено око минатата недела.

Поделени реакции и интернет феномен

Појавата на Макрон со очилата предизвика поделени реакции на социјалните медиуми. Додека некои коментираа дека францускиот претседател изгледа „кул“, американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се потсмеваше.

„Го видов вчера со тие прекрасни очила за сонце. Што се случи, по ѓаволите?“, рече Трамп за време на својот говор во Давос.

Наместо да се фокусира на здравственото прашање, вниманието на јавноста беше пренасочено кон скапиот моден додаток, што го претвори настанот во интернет феномен. Тоа беше уште еден пример за тоа како парче облека што го носи политичка фигура – како тренерката „Најк“ на венецуелскиот претседател Николас Мадуро или шапката „Make America Great Again“ на Доналд Трамп – може да стане глобална вест и „мем“ на интернет.

Очилата како симбол и порака

Моделот Pacific S 01 од брендот Henry Jullien, вреден 659 евра, не само што го привлече вниманието кон говорот на Макрон, туку создаде и слика на пилот на борбен авион слична на онаа од филмот „Top Gun“, што дополнително ја нагласи сериозноста на неговата порака.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мио и Ренџерс направија сефте, Динамо го растури ФЦСБ

Следно

Никогаш повеќе Кери и Ѕверката- не сака ниту да ја погледне, ја откри причината зошто не зборуваат

Latest from Blog

Никогаш повеќе Кери и Ѕверката- не сака ниту да ја погледне, ја откри причината зошто не зборуваат

Нивната соработка траеше со децении, но денес, според актерот, повеќе нема никаква врска меѓу нив, пренесе Телеграф. Нот неодамна го привлече вниманието на јавноста со несоодветен коментар на Инстаграм, во кој, како

Стефаноски: Македонија мора внимателно да ги следи сопствените интереси во глобалните безбедносни процеси

Политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефаноски во гостување на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за формирањето на таканаречениот „одбор за мир“ поврзан со политиките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и

ЛЕ: Ц. Звезда славеше во Шведска и обезбеди најмалку плеј-оф, Лион и Астон Вила се во 1/8-финале

Фудбалерите на Црвена Звезда се пласираа во следната фаза од Лигата на Европа откако го победија Малме на гости со 0:1 во 7. коло од натпреварувањето. Во еден интензивен натпревар, дисциплиниран речиси

Ристовски: Субвенциите ги заменија ваучерите за поправедна распределба на средствата

Министерот за спорт, Борко Ристовски во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија изрази задоволство од постигнатите резултати на македонската репрезентација на ЕХФ Еуро 2026. – Со ваучерите се добиваше лист хартија и
Go toTop