„Очекувам ЕУ да има јасна стратегија за нас“, вели Сиљановска Давкова

October 10, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува Европската Унија да има јасна стратегија и за нас по одлуката за одвојување на Албанија.

Не треба, според Сиљановска Давкова, да докажуваме дека отсекогаш сме биле дел од Европа, дека сме компатибилни.

– Јас сакам, дали во рамките на Берлинскиот процес, дали во рамките на она што следи сега, ЕУ навистина да манифестира јасна стратегија за нас… Се надевам ќе се создаде конзистентна политика на проширување – со почитување на Копенхагенските критериуми, вели Сиљановска Давкова во интервју на ТВ 21.

Прашана како земјава ќе влезе во ЕУ, Сиљановска Давкова посочува со работа на владеење на правото.

-Тоа ќе се случи најпрво со работа на владеење на правото, најважниот доказ за владеењето на правото е битката безпоштедна со корупцијата и криминалот. Нашата ќе се случи со европски стандарди во образование, здравство, социјална заштита. Добрососедството, не само ние да го покажуваме и докажуваме, туку и нашето соседство, вели Сиљановска Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова, меѓу другото, истакна дека јасно е оти преговарачката рамка нема да се менува.

-Не говорам јас за промена на преговарачка рамка, мене ми е јасно дека гласале сите, јас зборувам за нејзиното спроведување, со интерпретација. Им го кажав и во Обединетите Нации на сите со кои се сретнав дека, ако велат дека Преспанскиот договор е „пакта сунт серванда“, да прочитаат добро што значи Македонија за втората страна – безименава територија, народ, со своја историја, култура и јазик. За што разговараме ние со Бугарија? За историја, за култура, за јазик. Извинете, Грција прво како потписник на Преспанскиот, ама и ЕУ треба да укажат дека – нека си разговараат во комисијата историчарите, ама не може тоа да биде причина за вето, за тоа треба добра волја. Не може констутивен фактор да биде МНР Османи, изјави Сиљановска Давкова.

Референдумското прашање, посочи Сиљановска Давкова, беше дали сте за членство, а не за почеток на преговорите, а ние, нагласи таа, „ниту почнавме преговори, ниту сме членка“.

Бугарија, вели Сиљановска-Давкова има Совет за малцинство, во кое го нема македонското малцинство, како и дека Бугарија е потписник на Конвенцијата на заштита на правата на малцинствата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Жесток израелски напад врз центарот на Бејрут – Цела станбена зграда срамнета со земја, најмалку 11 жртви

Следно

Филипче: СДСМ ќе предложи закон за реално намалување на цените на производите

Latest from Blog

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

„Новото раководство на СДСМ ќе биде исправено пред голема одговорност да ги разобличи лагите, популизмот и опасните политики на актуелната власт“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на 30-от Конгрес на партијата.

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но не очекувам Конгресот нешто повеќе да смени

Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но според почетните имиња кои се брифираат од медиумите не очекувам опозициската СДСМ на Конгресот да понуди нов квалитет на политичката сцена, оцени денеска премиерот

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Албанскиот премиер Еди Рама, денеска е во Лондон, во рамки на серијата средби со албанската дијаспора. Тој како и на претходните средби ја побара поддршката за парламентарните избори следната пролет, за четврт

Разговор Ердоган-Путин: Туркије ќе продолжи да придонесува за мировните процеси

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во кој истакна дека Туркије ќе продолжи да придонесува во мировните процеси, соопшти Дирекцијата за
Go toTop