Обвинителството од Корча бара од македонските власти соработка во истрагата за двојно убиство

April 10, 2024
1 min read

Обвинителството во Корча, во рамки на напорите за расветлување на убиството на браќата Мартин и Андреа Олдаши, ја проширува истрагата и во Северна Македонија, јавија албанските медиуми.

-Обвинистелството испрати допис до Министерството за правда на Северна Македонија, во врска со проверката на лицето Фламур Даути, уапсено за дрога во село кај Прилеп, во оваа земја. Поточно од тамошните власти се бара да се дозволи испрашување на затвореникот Даути, со кого жртвите имале контакт. Позитивниот одговор од македонските власти би и помогнал на правдата во истрагата за двојното убиство, за кое сè уште нема сторители, наведуваат медумите.

Двојното убиство се случило во декември 2020 година во селото Шќитас, општина Малиќ, а според истрагите, откако двајцата браќа биле егзекутирани нивните тела биле фрлени во канал за наводнување.

Според сознанијата, браќата Олдаши биле киднапирани, а потоа убиени со по два куршуми во пределот на главата испукани од пиштол „застава“.

-Преку оперативни сознанија се дознава дека двајцата браќа Мартин и Андреа Олдаши, се занимавале со криминални активности од областа на наркотици, лихварство, кражби и уништување имот со експлозивни средства, како и помагање при нелегално преминување на границата. Постојат основи на сомненија дека убените и Даути заедно соработувале во шверц на дрога, посочуваат медиумите.

Даути со 53 килограми марихуана, која ја внесол од Албанија бил уапсен од македонската полиција, вечерта, на 8 декември 2020 година кога, како што е потврдено од обдукцијата, во Албанија биле убиени браќата Олдаши.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ го актуелизира прашањето за надминување на кипарскиот спор

Следно

Фајзер ја дискредитираше фармацевтската индустрија

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop