Обвинителството бара притвор за тројца осомничени по денешните апсења

July 19, 2023
3 mins read

По денешната акција на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и МВР, осомничени се вкупно 15 лица за злосторничко здружување, даночна измама и перење пари. Тие го оштетиле буџетот за 840 илјади евра кои ги извлекле од УЈП како поврат на ДДВ за фиктивни фирми. Меѓу осомничените е Исмет Гури од ДУИ кој со кривичното дело го „офајдил“ својот син со деловен простор од 102 м2

Притвор за тројца од осомничените и мерки за обезбедување за другите бара Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) по големата акција спроведена утрото, а во која беа приведени повеќе лица.

Осомничени се вкупно 15 партиски членови, бизнисмени и инспектори во Управата за јавни приходи, и тоа за злосторничко здружување, даночна измама и перење пари. Едно раководно лице во УЈП се води како третоосомничено.

Според ОЈО ГОКК, злосторничкото здружување го договориле тројца од осомничените, во октомври 2020 година, во угостителски објект во Скопје, за да направат даночна измама. Наоѓале фиктивни фирми, а формирале и нови, па преку нив од УЈП „влечеле“ поврат на ДДВ.

„Притоа ги поделиле своите улоги, па така, првоосомничениот го користел својот должничко доверителски однос со едно правно лице, а второосомничениот бил задолжен да наоѓа фиктивни правни лица и да формира нови правни лица преку кои ќе генерираат фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи. За таа цел на располагање имале осум правни лица со кои реално, но не и формално управувале. Како раководно лице во УЈП, третоосомничениот иако немал надлежност, од вработените во УЈП, електронски добивал известувања и постојано бил во тек со фиктивниот поврат на незаконски средства врз основа на одобрени барања за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок и тоа исклучиво за фиктивните даночни гаранти“,

велат од Обвинителството.

Според Обвинителството, подоцна на злосторничкото здружување му се приклучиле уште осуммина осомничени. Двајца од нив имале задача да учествуваат во подготовка на потребната документација за формирање и промени во правните лица и подготвување на потребната документација за даночните пријави, како и за склучување договори за пребивање на данок со фиктивните гаранти.

„Шестоосомничената, пак, како сметководител на дел од правните лица со кои располагале организаторите на здружувањето, била задолжена да ја подготвува фиктивната документација на правните лица до УЈП за даночната пријава ДДВ 04, а заради добивање на нелегален поврат на парични средства од данок на додадена вредност од УЈП. Двајца осомничени – вработени во УЈП, имале задолжение да ги одобруваат барањата за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок на правните лица, а тројца осомничени – управители на дел од правните лица, имале задача како даночни гаранти на даночни должници да склучуваат договори преку кои за возврат добивале стока – гориво, движен имот – луксузни возила или недвижен имот – станови, кои подоцна ги препродавале на трети лица, со што противправно се стекнувале со парични средства во готовина, па врз основа на таквите фиктивни договори издавале невистинити фактури, со пресметан ДДВ, едни кон други, а потоа доставувале барања за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок до Управата за јавни приходи“,

стои во соопштението на Обвинителството.

Така, осомничените ја довеле во заблуда Управата за јавни приходи и неосновано побарале и добиле поврат на ДДВ во вредност од околу 840 000 евра.

Од 1 јануари до 12 октомври 2021 година третоосомничениот и останатите четири осомничени лица, како и осомничените правни лица, со намера да го прикријат потеклото на парите, пуштиле во оптек околу 400 илјади евра за кои знаеле дека потекнуваат од кривично дело – даночна измама.

„Откако третоосомничениот ќе ги добиел парите од кривичното дело, дел ги пуштал во промет во име и корист за неговиот син, кој исто така е осомничен во овој предмет. Притоа во име и корист за неговиот син бил купен недвижен имот – деловен простор со површина од 102 м2 во вкупна вредност од околу 150 000 евра и на име позајмица од осомничените правни лица во повеќе наврати, за оваа цел, му биле префрлани парични средства. Нелегални пари во износ од 15 259 870 денари, третоосомничениот со цел да ги легализира ги дал во готово на осомничено овластено лице кое пак во повеќе наврати, како дневен промет ги внело на сметките на своето правно лице, а потоа повторно во повеќе наврати – трансакции, на име на позајмица биле префрлени од неговото осомничено правно лице на осомниченото правно лице сопственост на синот на третоосомничениот“,

тврди Обвинителството.

Притворот за тројца од осомничените, како и мерките за обезбедување за преостанатите, обвинителот ги побарал поради опасност од бегство, можност да ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, како и поради стравувањето дека со влијание врз сведоците и соучесниците ќе ја попречат истрагата.

Предистражна постапка за овој случај траела неколку месеци, а по денешната акција и поднесената кривична пријава, предметниот обвинител донел Наредба за спроведување истражна постапка против 15 лица.

Акцијата се реализираше утрото во координација на ОЈО ГОКК и МВР, како што првично беше информирано, на повеќе локации во Скопје и околината.

Како што претходно објави „360 степени“, според неофицијални информации, третоосомничениот во овој случај е Исмет Гури, член на ДУИ и поранешен заменик-управник на регионалната дирекција на УЈП-Скопје. Како што може да се разбере од соопштението на Обвинителството, еден од осомничените е неговиот син кој со кривичното дело се „офајдил“ со деловен простор од 102 м2.

Инаку, Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ во петокот (14 јули 2023 г.) добија затворски казни од по три години и шест месеци од Основниот кривичен суд-Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претставничкиот дом на САД: Усвоена е Резолуција дека Израел не е „расистичка држава“

Следно

Приведено лицето кое му се заканувало на претседателот на Чешка

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Децата на Заев во партиското раководство на неговата марионета, Филипче не можат да бидат решение, тие се виновниците за лошите состојби во државата

Нема нови лица во СДС. Целото партиско раководство, под водство на марионетата на Заев, Венко Филипче се стари и излитени кадри, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Сите до еден

Максути: Имаме повеќе кривични дела за луѓето кои избегнуваат да служат воен рок, отколку за криминалци кои се бават со сите други кривични дела

Професорот Беким Максути вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ говореше за растечката тенденција на враќање на воениот рок во регионот. Тој истакна дека треба да се најде баланс кој ќе ги задоволува

СДСМ: Најостро ги осудуваме инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден. Истовремено реагираме на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои веруваме дека

Претседателката Сиљановска Давкова на средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, на вториот ден од официјална посета на Црна Гора, ќе има средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ. Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова ќе одржи предавање
Go toTop