Обвинителката Ристоска го доби случајот за дискриминација против Советот на јавни обвинители

December 14, 2023
1 min read

реклама


Обвинителката Ленче Ристоска објави дека го добила случајот против Советот на јавни обвинители по нејзината претставка за дискриминација поднесена до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Според одлуката на Комисијата, Советот на обвинители и нејзиниот претседател Антонио Јолевски имаат рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат на обвинителката Ристоска за тежок облик на дискриминација кон неа. 

реклама

-Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја уважи мојата претставка и утврди директна продолжена дискриминација како потежок вид на дискриминација по основ на лично својство и општествен статус извршена од страна на Советот на јавни обвинители. Во време кога е модерно да се декларират заложби за етичко лидерство во институциите и култура на професионален и личен интегритет, како и родова и секој друг вид на рамноправност, декларативноста треба да се замени со практична и јавна подршка на поединците што ги поседуваат овие квалитети и ги водат овие битки, објави Ристовска на нејзиниот Фејсбук профил.

Воведувањето на мерит систем, наспроти практикување на дискрециони овластувања, како што наведува таа во Фејсбук статусот, ќе влијае на зголемување квалитетот на работата и консеквентно на довербата во јавнообвинителскиот систем, бидејќи е едно од најсилните оружја против корупција, клиентелизам и дискриминација.

реклама

Ристоска која беше обвинителка во СЈО, поднесе пријава против Советот на јавни обвинители со тврдење дека неправедно и без никаков основ ги игнорирало нејзините апликации за избор во Вишото јавно обвинителство.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ се обидува да ја убеди Унгарија за прашањето за Украина

Следно

Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Дали знае Меџити колку специјалисти на Клинички центар „Мајка Тереза“ имаат нерешен статус заради неажурност на менаџерите?

Latest from Blog

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само

Милан има нов напаѓач

Екипата на Милан успеа да го обезбеди на позајмица во моментов играчот на англискиот Вест Хем, германскиот интернационалец, Никлас Филкруг. Договорот, е сите трошоци на име на плата на напаѓачот да ги
Go toTop