Обвинителен предлог против демиркапиец, преку интернет поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата

February 10, 2024
1 min read

Обвинителен предлог е поднесен против демиркапиец, преку интернет поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата, информираа утрово од Јавното обвинителство.  

– По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело,  Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството. 

Обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација.

Делото било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руски напад со дронови на Харков: Убиени седум лица, меѓу кои три деца

Следно

Во кантонот Сараево е прогласена епидемија на морбили

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop