Советникот на претседателката за медиуми изјавила дека тој бил пријавен кај органите на прогонот поради јавна закана по животот и безбедноста на претседателката Османи и нејзиното семејство. Косовските медиуми пишуваат дека обвинението е резултат на изјава која Дедај ја дал во телевизиска емисија кога изјавил дека се чувствува загрозен од, како што рекол, „кланот Османи“, додавајќи дека тој и неговото семејство, кои потекнуваат од ѓаковската висорамнина, постапуваат според канонот на Лек Дукаѓин, што е збир на традиционални албански закони.