Образование на мајчин јазик и подобри услови – клучни барања на Македонците во Албанија

July 9, 2026
1 min read

Редакција на весник Македонски весник “Илинден“

Македонците во Албанија и понатаму се соочува со низа предизвици поврзани со зачувувањето на јазикот, културниот идентитет и опстанокот на традиционалните населени места. Иако македонското малцинство е официјално признато, претставниците на заедницата укажуваат дека се потребни дополнителни напори и поголема институционална поддршка за унапредување на правата и можностите на Македонците во Албанија.

Во регионите каде што традиционално живее македонско население — Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник и Поле жителите како најзначајни проблеми ги посочуваат ограничените можности за образование на мајчин јазик, економската состојба и иселувањето на младите.

Едно од најважните прашања останува образованието на македонски јазик. Иако во одредени средини постои можност за изучување на македонскиот јазик, од заедницата се бара проширување на наставата и создавање услови секое дете со интерес и припадност кон македонската заедница да може да го изучува својот мајчин јазик.

„Јазикот е темелот на секој идентитет. Без можност младите да го изучуваат и користат својот јазик, постепено се губи врската со културното наследство и традицијата“, истакнуваат претставници на македонските здруженија во Албанија.

Покрај прашањата поврзани со јазикот и образованието, значаен предизвик претставува и економската состојба. Недостигот на работни места и ограничените перспективи за младите придонесуваат за миграција кон поголемите градови и кон странство. Овој процес директно влијае врз демографската слика на населените места каде што живее македонско население.

И покрај бројните предизвици, легитимните македонски здруженија, како и партијата Македонска алијанса за европска интеграција, продолжуваат активно да работат на зачувување и промовирање на македонскиот фолклор, традиција, јазик и културно наследство.

Преку различни културни, образовни и општествени иницијативи, тие настојуваат да ја одржат живата врската меѓу новите генерации и историските корени, поттикнувајќи го познавањето и почитувањето на културниот идентитет и наследството.

Иднината на Македонците во Албанија, според нив, зависи од создавањето подобри услови за живот, обезбедувањето можности за образование на мајчин јазик и отворањето перспективи за младите генерации.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдени остатоци од товарниот авион „Боинг

Следно

Николоски: Со „one stop shop“ ќе се намали времето за транспорт на стока кон Грција

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop