О’Брајан: САД треба да воведат санкции за претставници на МКС кои бараат апсење на Нетанјаху

May 22, 2024
1 min read

 САД треба да воведат санкции за претставниците на Меѓународниот кривичен суд (МКС) кои бараат апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави Роберт О’Брајан, еден од главните советници за надворешна политика на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

О’Брајан се состана со Нетанјаху и други израелски официјални лица во Ерусалим за време на повеќедневната посета на Израел.

Тој ја критикуваше одлуката на МКС за издавање налози за апсење на Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.

„Можеме да воведеме санкции на банкарските сметки, да го ограничиме патувањето. Можеме да воведеме визи за овие корумпирани обвинители и судии. Можеме да покажеме дека сме решени“, рече О’Брајан.

Со него се согласија и поранешниот американски амбасадор во Обединетите Арапски Емирати, Џон Раколта и поранешниот амбасадор во Швајцарија, Ед Мекмален. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изборна битка во петка и шестка за две пратенички места

Следно

ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop