(ОБНОВЕНО) Закани за бомби во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп

February 22, 2023
1 min read

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР

Закани за поставени бомби утринава стигнале на адресите на 13 училишта, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Денеска до 9.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,

соопштија од МВР.

ОБНОВЕНО:

Денеска до 10 часот е пријавено дека на електронските адреси на 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа информираат од МВР.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,

се наведува во соопштението на МВР.

Вчера закани за поставени бомби на повеќе локации во Скопје, меѓу кои и во претседателската вила на Водно, првпат беше испратена преку медиумите, а пораката пристигна и на мејлот на „360 степени“.

По проверките на полициските екипи, беше утврдено дека сите пријави биле лажни.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сите би да ветат пари за Украина, ама не и да ги уплатат

Следно

Во Кенија, 2,6 милиони животни се изложени на ризик од смрт поради суша

Latest from Blog

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и
Go toTop