Облачно и студено, локални врнежи од дожд, снег на планините и повисоките места

December 24, 2024
1 min read

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, во пониските од дожд и снег.  Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 4 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 километри на час).

-Од сабота следува период на стабилно, суво и понатаму студено време, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кикбоксерот Бобан Илиоски е спортист на годината во избор на Град Скопје

Следно

Амандмански расправи за повеќе закони на комисиите за економски прашања, финансирање и политички систем

Latest from Blog

8,6 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 10.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.177,56 поени. Во однос

Општина Прилеп: Започна собирањето предлози за наградите „3-ти Ноември“

Општина Прилеп започна со прибирање предлози за доделување на општинските награди и признанија „3-ти Ноември“, како и наградата за животно дело, по повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп – 3 Ноември.

Мбапе двапати одбивал понуди од Манчестер Јунајтед, еве зошто…

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Пред да го облече дресот на Реал Мадрид, францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше желба на многу европски гиганти, а меѓу најупорните во намерата да го доведат бил Манчестер Јунајтед. Сепак, Мбапе

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Нова инвестиција и до 300 нови работни места се очекуваат во Прилеп со проширувањето на производните капацитети на компанијата WIK во ТИРЗ Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на

Општина Битола: Новата ресурсна соба во „Ѓорѓи Сугарев“ ставена во функција

Во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола денеска беше ставена во функција новата ресурсна соба, наменета за поддршка на учениците и унапредување на инклузивната практика во училиштето. На настанот присуствуваа градоначалникот на Битола
Go toTop