Објавено жирито за Istanbul Photo Awards 2025

December 16, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Istanbul Photo Awards, престижниот Меѓународен натпревар за фотографии организиран од Анадолу, денес го откри својот состав на жирито за 2025 година.

Откако ја прослави својата 10-годишнина, натпреварот повторно обединува на едно место истакнати експерти, меѓу кои и добитници на Пулицеровата награда и Прес-фото на светот, познати по својата работа во областа на спортот, животната средина, портретите и фотографиите од конфликтните зони.

Во овогодинешното истакнато жири дел ќе бидат фоторепортерката Керол Гузи, Јуриј Козирев од агенцијата NOOR, фоторепортерот на „The Globe and Mail“, Горан Томашевиќ, фотографот и режисер на „National Geographic“, Ами Витале, визуелната раскажувачка Марион Мертенс, консултантот за визуелни медиуми Мишел Ското, главниот спортски фоторепортер на „Гети имиџес“, Камерон Спенсер, и турските фоторепортери Ахмет Сел и Фират Јурдакул.

Istanbul Photo Awards 2025 прима апликации во 10 категории: вести, спорт, природа и животна средина, секојдневен живот и портрет фотографија – единечни и серија фотографии во истите категории.

Фотографите можат да поднесат најмногу четири свои дела во категориите со единечна фотографија, и по две во категориите за сериски фотографии, при што секоја серија содржи 10 фотографии. Може да се достават најмногу 120 фотографии по учесник.

Победниците ќе бидат избрани за време на онлајн состанок на жирито во март 2025 година.

За повеќе детали за жирито и упатствата за аплицирање посетете ја официјалната веб-страница: www.istanbulphotoawards.com.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Викендов во Скопје беше спуштена завесата на државните првенства во снукер

Следно

Обвинителството и судот повторно ја утнаа: Груби на Косово во „приватна“ посета

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop