Објавено е целото обвинение за Трамп

April 4, 2023
2 mins read

Обвинителите тврдат дека Трамп стои зад незаконската шема за потиснување на негативни информации, вклучително и незаконско плаќање од 130 000 долари што тој го наредил за да се потиснат негативните информации што би ѝ наштетиле на неговата кампања

Конечно се знае за што точно обвинителите го обвинуваат поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Да потсетиме, на Трамп денеска му беше прочитано обвинение во кое тој е обвинет по 34 точки дека и дал пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс за да молчи за нејзината врска со него пред неговата кандидатура на претседателските избори во 2016 година. Поранешниот претседател Трамп пред судот се изјасни за невин.

Објавено е целото обвинение, од кое е јасно дека обвинителите го обвинуваат Трамп дека е дел од нелегален заговор за поткопување на интегритетот на изборите во 2016 година, јавува Индекс.хр. Трамп е обвинет за фалсификување деловни досиеја за да ги прикрие нелегалните плаќања на жени кои тврделе дека имал вонбрачни афери со нив.

Обвинителите тврдат дека Трамп стои зад незаконската шема за потиснување на негативни информации, вклучително и незаконско плаќање од 130 000 долари што тој го наредил за да се потиснат негативните информации што би ѝ наштетиле на неговата кампања.

Во обвинението се наведува дека незаконската исплата на 130 000 долари во име на Трамп била договорена со Даниелс од неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кому Трамп му наложил да ја одложи што е можно повеќе.

„Тој му наложи на (Коен) да се обиде да ја одложи исплатата до по изборите за евентуално целосно да го избегне плаќањето, во случај да е ирелевантно дали приказната ќе стане јавна“,

се вели во обвинението.

Плаќањата отишле кај Коен, а некои директно од сметката на Трамп, соопштија обвинителите. Се тврди дека плаќањата биле маскирани како адвокатски такси.

„Секој чек беше обработен од Организацијата на Трамп и секој беше маскиран како плаќање за правни услуги дадени во одреден месец во 2017 година“,

се вели во извештајот.

Коен потоа наводно ги предал парите на адвокаткатот на Сторми Даниелс.

„Трамп фалсификувал деловни книги за да ја промовира својата кампања“

Коен се изјасни за виновен за девет федерални кривични дела, вклучително и даночна измама, лажење на Конгресот и кршење на правилата за финансирање на кампањата, за помагање да се исплатат две жени кои се заканија дека ќе излезат во јавност со наводните афери со Трамп непосредно пред изборите во 2016 година. Трамп ги негираше аферите.

Евиденцијата што ја водела Организацијата на Трамп, како што се тврди, била фалсификувана. За да ги прикрие нелегалните плаќања, Трамп фалсификувал деловни книги, тврдат истражителите. Тие наведуваат и дека мотивот на Трамп за извршување на кривичното дело фалсификување деловни книги бил делумно „промовирање на неговата кандидатура“.

Кривичните пријави произлегуваат од истрагата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, за исплати за време на претседателската кампања во 2016 година на жени кои тврделе дека имале вонбрачни афери со Трамп, што тој го негира.

Секоја од 34-те точки од обвинението се однесува на еден запис во деловните книги на Организацијата на Трамп

Секоја од 34-те точки од обвинението против Трамп се однесува на конкретен запис во деловните книги на Организацијата Трамп, се наведува во обвинението.

Во обвинението се наведува и дека двајца субјекти вклучени во измамата „признале дека сториле незаконски дејствија во врска со измамата“.

Уште две уплати

Тие два субјекта се веќе споменатиот поранешен адвокат на Трамп Мајкл Коен и компанијата American Media Inc. (АМИ), сопственичка на таблоидот National Enquirer.

Поточно, се вели дека АМИ признала дека му платила на изворот на приказната за да се осигура дека изворот „не објавил штетни наводи“ за Трамп „пред изборите во 2016 година и со тоа да влијае на тие избори“. American Media Inc. наводно платила 30 000 долари на поранешен вратар на кулата Трамп, кој тврдел дека има приказна за вонбрачното дете на Трамп. Наводно и платиле 150 000 долари на американската Плејбој манекенка Карен Мекдугал, која имала сексуална врска со Трамп.

Откако Трамп му наложи на својот адвокат да и ги врати парите AMI во готово, специјалниот советник му рече дека исплатата треба да се изврши преку лажна компанија, а не во готово. AMI на крајот одби да ги прифати парите.

Обвинението може да падне?

По објавувањето на обвинението, дел од адвокатите коментираа дека е прилично слабо и може да се отфрли.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Адвокатите Бланч и Такопина: Трамп беше фрустриран, нервозен и депримиран, но ова нема да го обесхрабри

Следно

Настанот што ќе ја одбележи оваа пролет: Бајага и „Инструктури“ оваа сабота во ноќниот клуб „Pure“

Latest from Blog

ВРЕДИ: Османи ги прикриваше средбите со Груевски, јавноста ќе добие докази

Скопје, 4 септември 2025 – Политичката партија „Вреди“ обвини дека Бујар Османи ги излажал граѓаните за своите средби со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Според партијата, Османи не само што престојувал

Комерцијална банка повторно на врвот по дневен промет од над 2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Скопје 04.09.2025 -Македонската берза забележа вкупен промет од 20.472.222 денари, остварен преку 76 трансакции со 5.145 хартии од

Ужас во Грција: Жена се породила дома пред децата, сопругот пристигнал кога веќе била мртва

Нејзините две мали деца, на возраст од три и пет години, биле дома, а кога нејзиниот сопруг влегол, ја пронашол мртва заедно со мртвото бебе и ја известил полицијата. Полициските службеници кои

Ќе игра за Ал Рајан, ама ќе го плаќа и Ал Хилал!

ФОТО: FC AL-Hilal/FB И покрај шпекулациите за интересот на одредени европски клубови како што се Лидс во Англија и Фенербахче во Турција, Александар Митровиќ одлучи да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток.
Go toTop