Објавени нови фотографии од напаѓачот во „Ист гејт“: Седел во обложувачница без да се крие

October 25, 2023
2 mins read

Министерството за внатрешни работи (МВР) сè уште трага по идентитетот на напаѓачот кој вчера со пиштол пукаше кон две лица во трговскиот центар „Ист гејт“ и побегна. Неофицијално, како што вчера објавија и дел од порталите, цел на пукањето бил Раде Трајковски со прекар Штекли, кон кого, во истиот трговски центар, беше пукано пред два месеца

Се појавија нови фотографии од лицето кое вчера сред бел ден пукаше и тешко рани две лица во трговскиот центар „Ист гејт“. На нив, како што објави „Фокус“, се гледа како напаѓачот седел во обложувачница во трговскиот центар и воопшто не се криел.

Фото: „Фокус“

Министерството за внатрешни работи (МВР) сè уште трага по идентитетот на напаѓачот кој вчера со пиштол пукаше кон две лица во трговскиот центар „Ист гејт“ и побегна.

Неофицијално, како што вчера објавија и дел од порталите, цел на пукањето бил Раде Трајковски со прекар Штекли, кон кого, во истиот трговски центар, беше пукано пред два месеца.

Неговите иницијали се совпаѓаат со оние што ги објави МВР.

„На 24.10.2023 околу 15 часот од трговскиот центар ’Ист гејт’ во Скопје во СВР Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и веднаш се упатени полициски екипи за расчистување на случајот. На повредените им е укажана лекарска помош во ГОБ ’Св. Наум Охридски’. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот“,

соопшти МВР.

Додека полицијата ги проверува сите наводи поврзани со напаѓачот во „Ист гејт“, двете лица со прострелни рани се наоѓаат на лекување по извршените оперативни зафати.

Едниот се наоѓа на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, а другиот е на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Клиничкиот центар во Скопје.

Љубен Арсенков, директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје и Неџати Јакупи, директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, во изјава за „360 степени“ посочија дека и двајцата пациенти се во стабилна состојба, но поради сериозноста на повредите остануваат на одделите за интензивна нега во болниците каде што се примени.

Вчерашниот напад министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го оцени како изолиран случај и додаде „вакви изолирани инциденти се случувале и ќе се случуваат“.

Министерот посочи дека е формиран посебен штаб во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје кој заедно со одделите за организиран криминал, криминалистичка полиција и форензика работи на прибирање информации и докази со цел утврдување на фактите и мотивите за вчерашниот напад во „Ист гејт“.

МВР вчера испрати фотографија до медиумите од лицето што со огнено оружје пукаше во „Ист гејт“ и ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го извршило кривичноправниот настан.

Апелираат до сите граѓани доколку го забележат лицето од фотографијата, имаат какви било сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата што СВР Скопје ја води во координација со јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

(ФОТО) МВР објави фотографија од напаѓачот во „Ист гејт“, апелира за информации од граѓаните

На порталот „Курир“ беше објавено и видео од пукањето во трговскиот центар.

На снимката се гледа како две лица се упатуваат и се спуштаат по ескалаторот надолу кон гаражите на трговскиот центар, а лице облечено во бела блуза се доближува до горната страна од ескалаторот и од горе пука во нив.
По пукањето, напаѓачот бега во спротивен правец и поминува под безбедносната камера.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Минче од Пласница ќе добие парична награда од 30 илјади денари по нападот од мечка!

Следно

Дневно пристигнуваат по 30-40 барања за развод – Мемеди: Ова е вознемирувачко!

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop