Објавени „100-те бренд-градови“ во светот

November 7, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА)

– Хулја ОМУР УЈЛАШ

Водечката светска компанија за евалуација на брендовите „Brand Finance“ во своето истражување „City Index 2024“ ги наведе овогодинешните 100 бренд-градови од светот, меѓу кои повторно се најдоа турските градови Истанбул, Анталија и Измир, известува Анадолу.

Врз основа на податоците до кои дојде дописникот на АА, 15.000 луѓе од 20 земји (Туркије, САД, Германија, Австралија, Обединетите Арапски Емирати, Бразил, Кина, Индонезија, Франција, Јужна Африка, Јужна Кореја, Индија, Англија, Шпанија, Италија, Јапонија, Канада, Мексико, Нигерија и Саудиска Арабија) учествувале во истражувањето според кое е утврдено рангирањето на 100 светски градови.

Во истражувањето градовите биле анализирани според 7 главни теми и 45 подтеми, меѓу кои се препознатливоста на градовите, нивниот престиж и претпочитување, како и деловниот живот, инвестициската атрактивност, културата и наследството, науката и образованието, управувањето, поволност за живеење, населението, нивните вредности и одржливост.

– Лондон е на прво место

Како и минатата година, и оваа година првите три града на листата се Лондон, Њујорк и Париз. Токио е рангиран на 4-то место, Дубаи е 5-ти, Сингапур е 6-ми, Лос Анџелес е 7-ми, Сиднеј е 8-ми, Сан Франциско е 9-ти, а Амстердам е на 10-то место.

Истанбул, кој минатата година беше 57-ми во генералниот пласман, се искачи за 6 места и годинава се најде на 51-вото место. На истата листа, Анталија се најде на 93., а Измир на 98. место. Направено е основното рангирање за успехот на 3-те метрополи. Во однос на препознавањето, Истанбул се најде на 31-вото, Анталија на 95-тото, а Измир 100-тото место.

Според респектабилноста на градовите, Истанбул се најде на 51. место, Анталија на 93., а Измир на 97. место. Во рангирањето според претпочитувањето, Истанбул е рангиран на 62-то место, Анталија на 93-то, а Измир на 97-то место.

– „Во промоцијата на државата треба да се вклучат и градовите“

Директорот на „Brand Finance“ Туркије, Мухтерем Илѓунер, зборувајќи дека во истражувањето на листата меѓу туристичките центри се вклучени и Истанбул, Анталија и Измир, истакна:

„Сосема е природно што Истанбул е рангиран на одредена позиција, благодарение на супериорноста и благословот што му ги даваат историјата и природата. Тоа е светски град, но брендот на градот треба да се управува за да стигне до повисоки позиции на глобалното рангирање. На пример, присуството на градот на интернет и во дигиталниот свет, каде приближно се вклучени приближно 5 милијарди луѓе, може да се зајакнат и да се натпреварува со своите конкуренти во однос на „познат“ и „препознатлив“.

Наведувајќи дека Анталија привлекува големо внимание со своите туристички инвестиции и промотивни активности што ги спроведува централната власт, Илѓунер рече дека меѓу градовите на листата се нашол и Измир и додаде:

„Иако секој ден се повеќе и повеќе се гледа важноста од вклучувањето на градовите во активностите за промоција на земјата, треба да се очекува дека ваквото разбирање и развој ќе важи и за нашата земја.“

Топ 10 градови утврдени како резултат на истражувањето „City Index 2024“:

Град

Земја

Бодови

1

Лондон

Обединетото Кралство

90,9
2

Њујорк

САД

89,8
3

Париз

Франција

87,8
4

Токио

Јапонија

86

5

Дубаи

ОАЕ

86
6

Сингапур

Сингапур

85,4
7

Лос Анџелес

САД

85
8

Сиднеј

Австралија

83,7
9

Сан Франциско

САД

82,9
10

Амстердам

Холандија

82,1



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА: Почина 5-годишно девојче

Следно

Вкупно 90 македонски каратисти на Балканското првенство во Сараево

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop