Објавена книгата „Стасај ме ако можеш“ од Васил Мукаетов

July 11, 2025
1 min read

Книгоиздавателството „Панили“ ја објави новата книга од еден од најактивните и најподуктивните македонски поети за деца изминативе години, Васил Мукаетов, насловена „Стасај ме ако можеш“.

И во оваа книга, Васил Мукаетов го задржува својот стил – авторски и содржински, пишувајќи за богатиот свет на современото дете. Содржината ја карактеризираат пет циклуси „Од час во час се нешто ново околу нас“. „Врв си е врв, гледај да си дома прв“. „Лево-десно. Со децата се  е лесно. „Татковината е вековина, татковината е траење, татковината се чува со разум и знаење.“ „На крајот-нешто ќе сториме за да се одмориме.“ Но, тие се читаат и како компонирана целина, то е воопшто и карактеристика на книгите на Мукаетов, коишто не се само збир на поетски текстови, туку секогаш се целина со концепт и со внатрешна архитектоника на делото.

– Треба да се посочи дека македонската литература за деца,  во својот досегашен развој беше исклучително исполнета со рурална поезија и проза, која во сегашните услови на развојот на општеството и технологијата изгледа, за жал, застарена и стереотипна. Оттука, појавата на поетот за деца Васил Мукаетов и неговите дваесетина по многу нешта значајни книги, само ме уверува дека тој е авторот што го следи современото дете, со вистински очи и како рамноправен соговорник ја продолжува играта како слобода, а слободата ја поистоветува со постоењето на својот читател-детето. Едноставно, овој македонски поет за деца, се осмели, и со содржината на ракописот ја прошири границиата на поетските теми, суверено и доминантно внесувајќи го семејството како дел од севкупната психологија на постоењето на сите нас и на децата, притоа откривајќи нови поетски простори и елементи, нагласува во рецензијата писателот, публицист и новинар, Мишо Китаноски.

Според Китаноски, основна карактеристика на поезијата на Мукаетов, вклучително и во книгата „Стасај ме ако можеш“ е непоредноста што ја воспоставува низ метафорите со своите читатели – децата, благиот хумор и шармантноста на лексичкиот, односно поетски јазик, толку потребен за сегашните деца.

– Кога кон ова ќе се додаде поетското откривање, воспевање на скриените нешта на семејството во градот, при тоа нудејќи му на читателот оригинален поетски приод и глас и станувајќи рамноправен соговорник кој низ стих ги принесува неговите чувства, тогаш имаме право да заклучиме дека пред нас е една оригинална поетска книга што ја збогатува македонската издавачка продукција, истакнува Китаноски.

Книгоиздавателството „Панили“ сѐ повеќе се посветува на книжевноста за деца, поставувајќи ја и како еден од своите приоритети и објавувајќи и нови дела од македонските автори, а со тоа и придонесувајќи за квалитетот на книжевната продукција што им се овозможува на читателите-деца од Македонија. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

Следно

Наставничка физички нападнала ученик во беровско

Latest from Blog

Со 4,67 милиони евра ќе се реконструира ученичкиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп

Ќе се реконструира Училишниот дом „Орде Чопела“ – Прилеп, како дел од владиниот проект за реконструкција на училишни домови во државата. За таа намена се обезбедени 4.672.878 евра, со кои е предвидена

„Трагач за бомби“ пристигна во Британија – СВЕТОТ СТРАВУВА ПРЕД МОЖЕН КОНФЛИКТ (ФОТО)

Авионот на американските воздухопловни сили, познат по прекарот „нуклеарен трагач“, слета во Велика Британија во услови на растечки тензии со иранскиот режим, пишува The Telegraph. Пристигнувањето на специјализираниот авион WC-135R Constant Phoenix

Николоски: Владата целосно застана во подршка на нашите транспортери, има доволно време да се најде вистинско решение

Владата застана рамо до рамо со превозниците на граничните премини, Ги посетив јас, ги поддржа и премиерот и тоа е начинот на кој треба да се работи кога постои еден ваков сериозен

Николоски: ЕУ првпат формално ги третира транспортерите како професионална категорија

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека се во целосна комуникација со транспортерите и дека веќе се договориле да се сретнат по состанокот што треба да се одржи во вторник во Брисел
Go toTop