Објавена долгорочната прогноза за летото: Топлиот циклус забрзано опаѓа, доаѓа ладниот

April 24, 2024
1 min read

Ажурираната прогноза за летото 2024 година покажува динамичен летен атмосферски модел, под влијание на преминот од топлиот циклус Ел Нињо во студениот циклус Ла Ниња. Се предвидува дека низа бранови на притисок и аномалии ќе се протегаат од Северна Америка сè до Европа, пишува Severe Weather Europe.

Над северната хемисфера, следните месеци ќе бидат преоден период помеѓу Ел Нињо (топла фаза) и Ла Ниња (ладна фаза), што ќе остави свој белег на атмосферата и временските обрасци.

Еден од главните двигатели на зимските временски услови и раната пролет беше Ел Нињо. Врвовите на топли аномалии беа забележани во декември, но на почетокот на оваа година почна нагло опаѓање на температурите, а се очекува целиот регион над Екваторот да оди во негативен циклус во текот на летото.

Силен подземен ладен базен е главниот предуслов за падот на Ел Нињо. „Топлата фаза“ моментално е во распаѓање, а појавата на многу студен циклус започнува кон крајот на летото 2024 година, а ќе трае до 2025 година.

Врз основа на сите податоци од прогнозата, Severe Weather Europe известува дека Ел Нињо е во брз пад. Сепак, ваквите големи настани обично бараат подолг временски период бидејќи на атмосферата и треба одредено време за да одговори на овие океански промени.

Податоците покажуваат дека големи делови од централниот и источниот дел на Соединетите Американски Држави и јужна Канада ќе доживеат температури над нормалните, додека Европа може да очекува пониски температури.

Од Severe Weather Europe велат дека прогнозите за летото, односно за јуни, јули и август, укажуваат на област со натпросечни температури и поголема тенденција за топлотни бранови над јужниот дел на САД, па сè до северните делови. Втората област е над јужните делови на Европа каде што времето ќе биде потопло од нормалното во поголем дел од континентот.

Најсилни аномалии и тенденции на топлотни бранови има во централните и јужните делови на континентот.

Кон крајот на летото, Северна Америка ќе ги почувствува раните промени на новата Ла Ниња што се појавува, бидејќи е многу поблиску до изворниот регион во Пацификот. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ердоган: Нетанјаху ја загрозува безбедноста на целиот наш регион

Следно

Неколку прекршувања со фотографирање на гласачки ливчиња, информира МВР

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop