Објавен оглас за избор на нови членови на Антикорупциска, старите без право на реизбор

November 8, 2023
1 min read

реклама


Објавен е јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата-ДКСК, и според одлуката донесена од Собранието на Република Северна Македонија, акутелните членови на ДКСК се без право на реизбор.

Според конкурсните услови, лица кои во кој било мандат ја вршеле функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, или биле членови на ДКСК, без оглед на траењето на мандатот, не може да бидат избрани повеќе ниту за претседател, ниту за член на Државната комисија.

реклама

Секој кандидат за претседател мора да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или добро управување, додека за член на ДКСК освен десет годишно работно искуство, доволни се шест години работно искуство во областите на откривање или спречување корупција.

Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Собранието на Република Северна Македонија истовремено објави Повик до здруженија на новинари, други здруженија и фондации за учество во интервјуто на кандидатите кои ги исполнуваат условите за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

реклама

Сите здруженија на новинари кои се основани согласно закон, односно регистрирани повеќе од пет години и секое здружение или фондација регистрирани согласно закон и со искуство од најмалку пет години во областа на спречување на корупцијата, владеење на правото или добро управување имаат право да се пријават на повикот и да учествуваат во интервјуто.

Покана за номинирање на свои претставници кои ќе учествуваат во интервјуто на кандидатите кои ги исполнуваат условите за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата е испратена и до Народниот правобранител, МАНУ и Интеруниверзитетската конферренција.

реклама

Како што е познато, во составот на ДКСК се избира претседател и шест членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Азербејџан ја одбележува 3-годишнината од победата во Карабах

Следно

3.500 долари за „невакцинирана“ сперма

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop