Објавен оглас: Инвертер клими за ранливите семејства – Министерството за енергетика издвојува 170 милиони денари за борба против енергетската сиромаштија

August 7, 2025
7 mins read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави мерка која директно го таргетира најчувствителниот сегмент од населението – ранливите потрошувачи на енергија. Со јавен оглас што стапи во сила, Министерството започнува со распределба на енергетски ефикасни инвертер клима уреди за 2025 година, со што ќе се подобри квалитетот на живеење и ќе се намалат трошоците за енергија во илјадници македонски домови.

Мерката се реализира согласно Програмата за изменување и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година („Службен весник на РСМ“ бр. 161/25). Согласно јавниот оглас за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, со цел унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеење, домаќинствата кои ги исполнуваат условите ќе се стекнат со право на купен и вграден инвертер клима-уред со моќност од 3.5 kW и енергетска класа од најмалку А+. Овие уреди не само што штедат електрична енергија, туку обезбедуваат и висока ефикасност за греење и ладење – токму таму каде што е најпотребно.

Рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавувањето на огласот во дневен весник. Повеќе информации како и потребните обрасци за аплицирање се објавени на веб-страницата на Министерството: www.energy.gov.mk .

Во продолжение целосниот текст од јавниот оглас со цел правилно информирање на граѓаните за условите и роковите.

ЈАВЕН ОГЛАС

за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, преку доделување на правото на купен и вграден инвертер клима-уред

  1. Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програма за изменување и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/25) (во натамошниот текст програма), Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (во понатамошниот текст: Министерство) доделува право на купен и вграден инвертер клима-уред на домаќинство:

1.1. Коешто е во состојба на енергетска сиромаштија (во натамошниот текст домаќинства со ниски приходи), поради недостапност до основните енергетски услуги, кои обезбедуваат прифатливи стандарди за живеење и за здравјето, вклучувајќи соодветно греење, топла вода, ладење, осветлување и енергија за напојување на апаратите во домаќинството, неможност за примена на мерки за енергетска ефикасност поради ниските приходи, или високиот удел на трошокот за енергија во вкупниот приход на домаќинството во согласност со член 10 став (1) точка 1 од Законот за енергетика и чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво во 2024 година не го надминувал износот од:

  • 25.000,00 денари за едночлено домаќинство,
  • 31.000,00 денари за домаќинство со два члена,
  • 37.000,00 денари за домаќинство со три члена и
  • 43.000,00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.

1.2. Во кое единствен приход е од корисник на пензија чиј износ е понизок од износот на просечната пензија согласно со закон, во согласност со член 10 став (1) точка 5 од Законот за енергетика, а чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво во 2024 година не го надминувал износот од:

  • 15.700,00 денари за едночлено домаќинство,
  • 19.800,00 денари за домаќинство со два члена и
  • 23.700,00 денари за домаќинство со три и повеќе члена.

Домаќинствата од категориите од точки 1.1. и 1.2. од овој оглас се стекнуваат со правото на купен и вграден инвертер клима-уред со моќност од 3.5 kW кој има најмалку енергетска класа А+, како мерка за подобрување на енергетската ефикасност.

1.3. Доделувањето на правото на купен и вграден инвертер клима-уред го врши Министерството преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата за секоја од категориите наведени во точките 1.1 и 1.2 од овој оглас, се до исцрпување на предвидените средства согласно програмата и тоа:

1.3.1. 120.000.000,00 денари од предвидените средства ќе се користат за поттикнување на енергетската ефикасност на домаќинствата со ниски приходи, и тоа:

  • 35.000.000,00 денари за едночлено домаќинство,
  • 30.000.000,00 денари за домаќинство со два члена,
  • 30.000.000,00 денари за домаќинство со три члена и
  • 25.000.000,00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.

1.3.2. 50.000.000,00 денари од предвидените средства ќе се користат за поттикнување на енергетската ефикасност на домаќинство во кое единствен приход е од корисник на пензија, и тоа:

  • 20.000.000,00 денари за едночлено домаќинство,
  • 20.000.000,00 денари за домаќинство со два члена,
  • 10.000.000,00 денари за домаќинство со три и повеќе члена.

1.4. На ранливите потрошувачи на енергија согласно програмата коишто во изминатите 5 календарски години сметано од денот на објавување на овој оглас, користеле субвенција или право на поврат на средства за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди и/или печки на пелети од кој било извор и станбениот објект во кој живее домаќинството има приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија, не може да се стекнат со право на купен и вграден инвертер клима-уред од овој оглас.

Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 60 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас во дневен весник.

  1. Барање за стекнување на право на купен и вграден инвертер клима-уред

2.1 Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат домаќинствата од точки 1.1. и 1.2. од овој јавен оглас кои ќе поднесат Образец барање за право на купен и вграден инвертер клима-уред. Барањето за право на купен и вграден инвертер клима-уред се доставува на пополнет образец и тоа:

  • За домаќинства со ниски приходи, барање на Образец 1 кој може да се подигне во архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или да се обезбеди преку интернет страницата на Министерството: www.energy.gov.mk.
  • За домаќинства во кое единствен приход е од корисник на пензија, барање на Образец 2 кој може да се подигне во архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или да се обезбеди преку интернет страницата на Министерството: www.energy.gov.mk.

2.2 Со барањето за право на купен и вграден инвертер клима-уред барателот-домаќинство со ниски приходи и барателот-домаќинство во кое единствен приход е од корисник на пензија до Министерството задолжително ги доставува следните документи:

  1. Изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна, како и негова согласност за спроведување на мониторинг (образецот на изјавата може да се подигне во архивата на Министерството или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.energy.gov.mk),
  2. Фотокопија од лична карта на барателот,
  3. Доказ за членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од матична книга на родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството) и
  4. Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2025 година.
  1. Постапка за стекнување на право на купен и вграден инвертер клима-уред

3.1 Барањето за стекнување на право на купен и вграден инвертер клима-уред заедно со потребната документација, барателите по пошта или лично ќе го достават во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на адреса „улица Македонија, број 27, 1000 Скопје, со назнака – ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДДРШКА НА ДОМАЌИНСТВА КОИ СПАЃААТ ВО КАТЕГОРИЈАТА РАНЛИВИ ПОТРОШУВАЧИ НА ЕНЕРГИЈА ЗА 2025 ГОДИНА, ПРЕКУ ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА КУПЕН И ВГРАДЕН ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ И ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАКА – ЗА ДОМАЌИНСТВА СО НИСКИ ПРИХОДИ (едночлено домаќинство, домаќинство со два члена, домаќинство со три члена и домаќинство со четири и повеќе члена).

3.2 Барањето за стекнување на право на купен и вграден инвертер клима-уред заедно со потребната документација, барателите по пошта или лично ќе го достават во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на адреса „улица Македонија, број 27, 1000 Скопје, со назнака – ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДДРШКА НА ДОМАЌИНСТВА КОИ СПАЃААТ ВО КАТЕГОРИЈАТА РАНЛИВИ ПОТРОШУВАЧИ НА ЕНЕРГИЈА ЗА 2025 ГОДИНА, ПРЕКУ ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА КУПЕН И ВГРАДЕН ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ И ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАКА – ЗА ДОМАЌИНСТВА ВО КОЕ ЕДИНСТВЕН ПРИХОД Е ОД КОРИСНИК НА ПЕНЗИЈА (едночлено домаќинство, домаќинство со два члена, домаќинство со три члена и повеќе члена).

3.3 Подносителите на барање треба да достават уредно и комплетно барање со сите потребни документи. Доколку поднесеното барање е неуредно и некомплетно, Комисијата ќе се обрати до барателот и ќе бара во рок од 8 дена да го дополни барањето.

3.4 Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинството.

НАПОМЕНА: Министерството по службена должност преку Управата за јавни приходи ќе изврши проверка на остварен вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данок на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година, преку снабдувачите со топлинска енергија на територијата на Град Скопје ќе изврши проверка дали домаќинството за кое барателот аплицирал има приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија и преку надлежни институции за останатите услови од овој оглас.

  1. Начин на остварување на правото на купен и вграден инвертер клима-уред

4.1 За спроведување на активностите за реализација на Јавниот оглас од програмата, министерот формира две комисии составени од по три члена и нивни заменици од редот на вработените во Министерството.

4.2 Комисиите ги разгледуваат пристигнатите барања поднесени заклучно со последниот ден на времетраење на јавниот оглас, заедно со потребната документација и го утврдуваат точниот број на пристигнати уредни и комплетни барања. Согласно потпишаниот меморандум за соработка, комисиите ќе побараат од Управата за јавни приходи, дали членот или членовите на домаќинството ги исполнуваат условите на остварен вкупен нето доход кој подлежи на оданочување согласно Законот за данок на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година.

4.3 Лицата кои имаат поднесено барање, а немаат уредна и комплетна документација или на барање на Комисиите во предвидениот рок не ја доуредат или комплетираат поднесената документација нема да се стекнат со правото на купен и вграден инвертер клима-уред.

4.4 Лицата кои имаат поднесено барање, а коишто во изминатите 5 календарски години сметано од денот на објавување на овој оглас, користеле субвенција или право на поврат на средства за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди и/или печки на пелети од кој било извор и станбениот објект во кој живее домаќинството има приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија, нема да се стекнат со правото на купен и вграден инвертер клима-уред.

4.5 Комисиите за лицата кои имаат поднесено уредна и комплетна документација се до исцрпување на средствата од овој оглас, му предлагаат на министерот за енергетика, рударство и минерални суровини да донесе решение за стекнување со правото на купен и вграден инвертер клима-уред, додека останатите нема да се стекнат со правото на купен и вграден инвертер клима-уред.

4.6 Списокот со лица кои се стекнале со правото на купен и вграден инвертер клима-уред согласно програмата (во натамошниот текст корисници на право на купен и вграден инвертер клима-уред), се објавува на веб-страницата на Министерството, а донесените решенија во електронска форма се доставуваат до подносителите на барањето на назначената email адреса во барањето или може да се подигнат лично во архивата на Министерството.

4.7 Списокот со лицата кои нема да се стекнат со правото на купен и вграден инвертер клима-уред заради исцрпување на предвидените средства од овој јавен оглас, а по основ на ниски приходи, ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството.

4.8 Списокот со лицата кои не се стекнале со правото на купен и вграден инвертер клима-уред, по основ на некомплетна и неуредна документација ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството.

4.9 Министерството ќе спроведе постапка за имплементација и мониторирање на овој јавен оглас, а која ќе вклучи набавка и монтирање-вградување на инвертер клима уреди согласно Законот за јавните набавки. Доколку корисникот на право на купен и вграден инвертер клима-уред има постоечки клима-уред во својот дом на чие место сака да го монтира добиениот инвертер клима-уред, постапката за демонтирање на веќе постоечкиот клима-уред и трошоците за истиот се на товар на корисникот на правото.

4.10 Министерството на својата веб страна ќе објави детални информации за начинот на вградување на инвертер клима уредите и начинот на кој ќе биде спроведен мониторинг над реализацијата на стекнатото право на купен и вграден инвертер клима-уред.

4.11 Министерството го задржува правото да изврши мониторинг во станбените објекти на корисниците кои се стекнале со право на купен и вграден инвертер клима-уред по овој јавен оглас.

4.12 Доколку по извршениот мониторинг од страна на Министерството се утврдат неправилности или фактичка состојба спротивна на условите предвидени од Програмата и овој јавен оглас, Министерот донесува решение со кое се укинува решението за стекнување на правото на купен и вграден инвертер клима-уред.

Повеќе информации:

Посетете: www.energy.gov.mk

Или јавете се/појдете директно во архивата на Министерството.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Без провизија подигање пари од банкоматите во Грција за грчките банки – за трети страни плафон од 1,5 евро

Следно

ССК ги разреши потпретседателите Георгиевски и Костадиновски и ги исчлени од организацијата

Latest from Blog

Турскиот претседател Ердоган го пречека сенегалскиот премиер Сонко во Анкара

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара го пречека сенегалскиот премиер Усман Сонко со официјална церемонија во Претседателскиот комплекс, јавува Анадолу. Пред меѓуделегациската средба, двајцата лидери одржаа билатерален состанок. По состаноците,

Зголемени температури во следните неколку дена – МЗ: да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 8 до 13 август, 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во

Лазар Ристовски, лауреат на фестивалот „Преку езерото“: Наградата „Мето Јовановски“ носи име на голем актер, жалам што немам филм со него

Лазар Ристовски, годинешниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“ што ја доделува фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ денеска на прес конференција изрази благодарност за високотo признание и жалење што никогаш не

Вонредна мобилизација уште еден месец: Владата ја продолжи кризната состојба поради шумските пожари

Со стотиот владин колегиум, извршната власт донесе нова 30-дневна одлука за продолжување на кризната состојба предизвикана од активните и потенцијалните пожари на отворено. Продолжувањето значи дека сите расположливи капацитети – човечки, технички
Go toTop