Андријана Лазиќ починала на 28-годишна возраст на 10 јануари 2024 година во Дубаи. Таа паднала од 24 кат, а нејзиниот татко Небојша за Телеграф.рс изјавил дека „не знаат што се случило“.

Во полицискиот извештај што го добиле, е наведено дека се работи за несреќен случај.

– На 10 јануари 2024 година, гореспоменатата жена почина како резултат на пад од височина. Сите процедури се завршени и нема забелешки за издавање на умреница – се наведува меѓу другото во извештајот. Во овој период Андријана требало да објави и промовира две песни кои ги снимила со познатиот композитор Горан Ратковиќ Рале. Таа била дипломиран правник и вработена во МВР на Република Српска.