Обид за злоупотреба на избирачко право: 72-годишен скопјанец на последните претседателски избори се обидел да гласа наместо друг

November 21, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на избирачко право од член 161 став 1, а во врска со член 19 од Кривичниот законик што значи дека станува збор за кривично дело сторено во обид.

Обвинетиот 72-годишен скопјанец, на 24 април годинава, за време на последните претседателски избори, на гласачко место во Основното училиште „Хасан Приштина“ во Чаир, се обидел да гласа наместо друг. Тој бил заменик-член на избирачки одбор и откако го остварил сопственото гласачко право, неовластено скинал уште едно гласачко ливче од кочанот со намера да гласа во име на неговата наводно болна сопруга. Се потпишал во име на сопругата во единствениот избирачки список, но не успеал во намерата да го стави ливчето во гласачката кутија, бидејќи бил спречен од страна на членовите на избирачкиот одбор.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ за 75% го намали буџетот за Центарот за промоција на македонскиот јазик во Љубојно

Следно

Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски го започна одбележувањето на Денот на азбуката на Албанскиот јазик во основните училишта „ВИЗБЕГОВО“ и „ПЕНКО“

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop