Обединети Арапски Емирати: Влезот во БРИКС нема да ги наруши односите со Западот

August 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Пристапувањето на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Организацијата на економии во развој, БРИКС, нема да им наштети на односите со Западот, истакна министерот за економија на земјата, пренесува Анадолу.

Абдула Бин Тук Ал-Мари за „Блумберг“ изјави дека Абу Даби го смета своето членство во организацијата како можност за развој на трговијата.

Министерот нагласи дека неговата земја планира да алоцира поголем капитал на Новата развојна банка што беше основана од страна на БРИКС пред две години.

Банката со седиште во Шангај има одобрен капитал од 100 милијарди долари, стои на нејзината веб-страница. Од своето основање банката одобрила проекти со кумулативна вредност од речиси 32 милијарди долари.

Ал-Мари нагласи дека членството во БРИКС нема да биде оска против Соединетите Американски Држави, истакнувајќи дека блокот ќе ја зголеми поддршката за плурализмот што ОАЕ му ја даваат на светот.

Основан во 2006 година, БРИКС ги вклучува Кина, Бразил, Русија, Индија и Јужноафриканската Република. Минатата недела блокот покани уште шест нови земји – Аргентина, Египет, Иран, Етиопија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) – да станат полноправни членки од јануари 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Процесот за уставни измени ќе заврши успешно

Следно

Зејди вели дека Билал Касами кокетира со ВМРО на Мицкоски

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со „Зелникот на баба“ стана центар на вкусот и македонската култура

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека манифестацијата „Зелникот на баба“ годинава ги надминала сите очекувања, привлекувајќи повеќе од 8.000 посетители. Според него, мирисот на тазе печен зелник и звукот на

Меџити: Фитр Бајрам носи порака за мир, солидарност и хармонија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на традиционалната прослава на Фитр Бајрам, организирана од Исламска верска заедница, по покана на Реисул Улема, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи. „Вечерва го прославивме Фитр

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението
Go toTop