О`Брајан за уставните измени: Не би гласал за некој што вели „имам подобра понуда, но не кажувам каква“

November 30, 2023
1 min read

реклама


Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан во интервју за  „360 степени“ на МРТ 1 вели дека е важно Северна Македонија да изнајде начини за да се движи напред и дека единственото решение е да се реши прашањето за уставните измени. 

– Има понуда на масата, треба да ја земете. Ако не ја земете, и вртите грб на историјата, искрено. Тој пат може да изгледа задоволувачки, но тоа ќе ја чини вашата економија, ќе причини повеќе луѓе да сакаат да ја напуштат земјата и, генерално, ќе ја уназади земјата. Она што ми се допадна во земјата кога првпат дојдов пред речиси 30 години е колку сите беа нестрпливи да бидат дел од овој поголем проект наречен ЕУ. Ги охрабрувам сите политички лидери да ја земат оваа можност, вели О’ Брајан.

реклама

Прашан за ставот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ дека нема да поддржат уставни измени под бугарски диктат и дали има шанси за интервенции во Преговарачката рамка, О‘ Брајан вели дека нема да има подобра понуда.

-Јас мислам… Не. Видите, има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ти кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така. Но, тоа е избор кој го прават гласачите овде. Јас не гласам овде. Луѓето може да изберат што сакаат, нагласува О‘ Брајан.

реклама

Тој повтори дека САД ги поддржуваат аспирациите на Северна Македонија за ЕУ и мисли дека мнозинството граѓани сака да е дел од Европа.

– Некои политички структури мислат поинаку, некои можеби добиваат пари од некои места, некои имаат легитимни аспирации на малцинското гледиште. Но, мислам дека мнозинството сака да е дел од Европа и ние го поддржуваме тоа. Овој конкретен компромис, мислиме дека е само дел од тоа како една држава станува целосно европска. САД не се членка на ЕУ, како што редовно не потсетуваат, но ЕУ е изградена на компромиси, вели О‘ Брајан. 

реклама

Во однос на заминувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен од Скопје пред доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, негира дека тоа е порака од Вашингтон до Москва.

– Не. Тоа е порака дека секретарот Блинкен мислеше дека е важно да го измести распоредот, да биде сигурен дека ќе биде овде и да покаже поддршка за ОБСЕ и за претседавањето на министерот Османи. Единственото расположиво време, меѓу состанокот во НАТО и состанокот во Израел, каде се обидува да помогне во тамошниот конфликт, беше да допатува вчеравечер. Не знам зошто министерот Лавров реши да се појави толку доцна, рече О Брајан.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) О`Брајан за уставните измени: Не би гласал за некој што вели – имам подобра понуда, но не кажувам каква

Следно

Дали Андреј Петров и Илија Димовски се враќаат во пратеничките клупи на идните избори?

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop