О’Брајан по средбата со ВМРО-ДПМНЕ: „Ако не кажува каква понуда има, од него не треба да купите ни автомобил“

December 1, 2023
1 min read

реклама


Важно е Македонија да се движи напред, имате понуда на маса и треба да ја земете, а ако тоа не го направите и вртите грб на историјата, истакна помошник државниот секретар на САД за Европа Џејмс О Брајан во вчерашното интервју за 360 степени, говорејќи за евроинтеграцискиот процес на земјава. Тој остро го нападна ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ околу неприфаќањето на уставните измени и најавите дека кога ќе дојдат на власт имаат подобар предлог.

„Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, вели Џејмс О’Брајан.

реклама

На овие зборови на О Брајан, на денешната седница за пратенички прашања потсети  и премиерот Ковачевски.

„Кој лаже и кому не може да му се верува слушнавме најубаво вчера од помошникот државен секретар на Америка и од кого ни кола не треба да се купи и за кого не треба ни да се гласа“, вели Димитар Ковачевски.

реклама

Вчера кога всушност беше и интервјуто на Брајан, американскиот помошник државен секретар имаше средба и токму со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Дали и ова лично му го рекол нему не се знае, a во партиското соопштение се наведува дека соговорниците се осврнале на повеќе прашања од суштинско значење.

„Мицкоски истакна дека стратешки интерес на Македонија освен членството во Европската унија е и заштита на националните и идентитетските обележја на македонскиот народ и Македонија. Од страна на Мицкоски беше афирмирана потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот како голем проблем на граѓаните“.

реклама

Инаку, темата за уставните измени и со тоа и продолжување на европскиот пат на земјава ќе биде една од темите на лидерската средба в понеделник, која е закажана за формализирање на датумот на изборите.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Реприза на дуелот Дафкова-Пендаровски не би исклучил, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ ќе го објавиме на крајот од јануари

Следно

Ковачевски: Градиме модерна држава, Македонија е веќе фактор на стабилност, нашиот пат е интеграција, а не изолација

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop