НУУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа 80 години со промоција на монографија

September 17, 2025
1 min read

Во Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола вечерва се одржа промоција на монографијата посветена на работата и развојот на библиотеката во периодот од 1945 до 2025 година, во рамките на одбележувањето на 80 години од нејзиното основање.

Настанот започна со прикажување на документарен филм, по што директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“, м-р Емилија Стефановска Дафкова, упати поздравна реч.

Проф. д-р Наташа Котлар, промоторка на монографијата, се осврна на содржината на изданието, историскиот развој на библиотеката и нејзината улога во образованието и културата во Битола.

На градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, му беше врачена плакета во знак на благодарност за поддршката и соработката со оваа значајна институција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судиска комисија до Бешири: „ВАР нема двојни стандарди. Алиби изјавите се најголемото зло во фудбалот”

Следно

Меџити: Чаир расте преку спортот и поддршка на младите

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop