Њујорк Тајмс: Градоначалникот на Њујорк обвинет по федерална истрага за корупција

September 26, 2024
1 min read

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс е обвинет по федерална истрага за корупција, со што стана првиот градоначалник во историјата на Њујорк кој е обвинет додека бил на функција.

Обвинението за Адамс останува запечатено и не е јасно со какви обвиненија се соочува тој, јави вчера Њујорк Тајмс, цитирајќи извори запознаени со случајот.

Адамс треба да оди на суд на 26 септември, каде што ќе му биде прочитано обвинението и ќе се знае обемот на обвиненијата. Во изјава за Њујорк пост, Адамс рече дека е невин и најави дека ќе се бори да ја докаже својата невиност.

– Отсекогаш знаев дека ќе бидам мета – ако застанам во одбрана на њујорчани – и тоа станав. Во случај да ме обвинат – ќе се борам против тоа со сета моја сила и дух затоа што сум невин, рече Адамс.

Тој додаде дека нема да се повлече од функцијата градоначалник дури и ако биде обвинет, и покрај повиците за негова оставка од други високи американски пратеници, вклучително и Александрија Окасио-Кортез.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации Рита Колумбиа ќе се сретне со Гаши

Следно

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop